
Берни Сандерс кој се смета за застапник на работничката класа, ги правда трошоците за приватни летови за неговата турнеја која ја водеше заедно со неолибералната перјаница на американските демократи Алесандра Окасио - Кортез.
Рече дека не планира да понуди никакво извинување или каење бидејќи тоа било неизбежно.
„Зарем мислите дека ќе седам на аеродром во ред за чекање за редовна комерцијална линија додека некаде ме чекаат 30.000 луѓе?“ праша Сандерс.
Тој призна дека Демократската партија ја изгубила работничката класа и дека тој работи на враќање на нивната поддршка.
„Во време кога на луѓето на врвот им оди феноменално добро, постарите лица и луѓето од работничката класа се мачат и сакаат да слушнат некој кој им се спротивставува на луѓето кои имаат богатство и моќ за да се создаде економија што функционира за сите нас, а не само за луѓето на врвот“, рече Сандерс.
И во 2016-та година, откако неговата сопствена кампања за освојување на демократската номинација не успеа, тој барал приватен авион за да се вклучи во поддршка на кампањата на Хилари Клинтон.