На овие пари, Пакијао ќе заработи и дополнителни 2,25 милиони долари од шорцевите со логоа што ќе ги носи на борбата. До сега 6 компании имаат купено "банери" на шорцевите на Филипинецот за борбата на 2-ри мај, меѓу нив Најк, Кафе Пуро и Ер Азија.
Кај Мејведер до сега е потврдена само компанијата за фантази спортови, ФанДуел, која има закупено место на појасот од шорцевите, плус брендирање на неговиот тим за време на викендот.
Централната позиција во рингот е откупена од Текате пивото, кои платија 5,6 милиони долари за да бидат официјално пиво на мечот и за лого сред ринг.