„Балкански шпиун“ дојде во Америка

Во американска паланка пристигнале ентузијасти кои набљудуваат птици. Разбирливо, биле облечени во маскирни, камуфлажни облеки. Локалциве панично се јавувале на полиција пријавувајќи сомнителен собир на домашни терористи.

Облечени во маскирни облеки и „вооружени“ со долги објективи, во малото место Горам во Меин пристигнала поголема група набљудувачи на птици. Тоа во САД претставува едно добро организирано и изненадувачки корисно хоби (20% од Американците се идентификуваат како брдвочерс а уште во 2006-та придонесувале во американската економија со 36 милијарди долари).

Повод за нивниот аџилак во местото Горам била една, за нив драгоцена епизода, кога зимските птици свиларки (Bohemian waxwings, Bombycilla garrulus) се хранат со краби.

Ненавикнати на толку непознати луѓе, па уште во маскирно, па со чудни справи во рацете (а нечии комбиња имале и знамиња кои заличувале на политички пораки), локалците од Горам почнале да се јавуваат во полиција, убедени дека раскринкуваат пеколен собир на домашни терористи. Притоа, сето ова се случува на 6-ти јануари, кога онаа дружина имбецили кои упаднаа во Капитол, на Сиенен репетитивно беа прогласувани за домашни терористи.

Заради создадената паника, локален набљудувач на птици кој го организирал настанот ги замолил колегите да наметнат нешто цивилно.

17 јануари 2021 - 14:51