Петочкиот биланс на протестите беше 83 уапсени, десетици повредени демонстранти и 111 повредени полицајци.
"Во САД тоа не е соодносот што би го имале. Ако имаше двајца повредени полицајци ќе имаше стотици повредени и уапсени демонстранти," објаснува Ченк Ујгур, политичкиот коментатор на Јанг туркс.
Друга работа што ја забележуваат е дека во протестите учествуваат 160 различни групи, и дека и покрај директните судири со полицијата, во кои имаше и фрлање молотови коктели кон полицијата, никој од властите не ги обележи демонстрантите како терористи или слично штетни ликови.
Она што исто така го гледаат со неверување е како демонстрантите ја обвинуваат германската влада дека извршила агресија и во прогресивен град како Хамбург го организирале Г20.