Американците ќе викаат гости на слава

Славата им е национална и се вика Денот на благодарноста, односно Thanksgiving. Наспроти јасните и конкретни препораки од нивните здравствени авторитети, повеќето од нив годинава планираат да ја прослават како и секогаш, викајќи дома блиски луѓе со кои не живеат заедно.

Преку 60% од Американците имаат намера да ги игнорираат препораките на Центарот за превенција и заразни болести во врска со домашните собиранки за Денот на благодарноста.

А препораките се прославата да се ограничи на поблиското сеемејство кое се дефинира како „луѓе кои активно живееле заедно 14 дена пред да дојде Денот.“

70% изјавиле дека ќе гледаат на трпезата да нема повеќе од 6 луѓе а 4,3% немале да слават.

Лани, помалку од половина Американци (48%) го планирале Денот со помалку од 6 луѓе а четвртина планирале гозба само за потесниот круг на семејството.

Во некои држави како што се Конектикат, Делавер, Ајдахо, Кентаки, Масачусетс, Њујорк, Њу Џерси, Северна Каролина, Роуд ајленд и Тексас забрането е дома да се прибираат повеќе од 10 луѓе а во некои е дозволено и над 10, ако се има двор.

Освен со домашна трпеза, Денот на благодарноста е поврзан и со патување. Лани патувале 55 милиони луѓе. Годинава, со пандемија, со сè,ќе патуваат само 5 милиони помалку.

Во САД, секоја минута умира по еден човек од ковид.

26 ноември 2020 - 10:47