10.000 пепељари за Париз

Решавањето на проблемот со пушење во затворено, им отвори нов проблем на властите на Париз - поплава од пикавци по улиците и тротоарите.

Заради ова градоначалникот на Париз нарача поставување на 10.000 дополнителни пепељари по улиците на градот, што значи дека 30% од сите канти во градот ќе бидат "опремени" за гасење цигари.

"На влезот на метроата, на влезот во кафулињата и рестораните, ситуацијата не е прифатлива... тротоарите се послани со отпушоци од цигари," изјавил заменик градоначалникот на Париз, задолжен за чистота, Франсоа Дагно.

Освен ова, се бара и зголемување на казната за фрлање на пикавици на улица на 68 евра.

Според математиките, потребни се 12 години за да се распадне еден отпушок од цигари.

2 ноември 2012 - 10:28