Светислав Басара

За Мечката и младите мајмуни

Храбар, чeсен и лекомислен каков што беше, Ѓинѓиќ не ја прифати дискретната понуда да извeде некои козметички системски промени и после да владе долго и среќно, под услов да не рчка мечка. Мeчката го стрелаше за да испрати порака дека во иднина секој кој ќе се обиде да го прави она што се обидуваше да го прави Ѓинѓиќ, ќе помине како него.

Дел од неискуство, (поголем) дел од тапоумност, опозицијата во 90-тите години мислеше дека Милошевиќ е единствен проблем на Србија, како што денешната опозиција мисли дека единствен проблем на Србија ѝ е Вучиќ.

Да не испадне сега „јас убаво им зборував, ама тие нејќеа да слушаат“ - и јас така мислев. Реков дека до прагот на староста бев млад мајмун. Потоа напредував во стар мајмун, кому внимателното проучување на постарата и поновата српска историја некои работи му ги префрли од дупе во глава. Но, за тоа, потоа.

Храбар, чeсен и лекомислен каков што беше, Ѓинѓиќ не ја прифати дискретната понуда да изведе некои козметички системски промени и после да владее долго и среќно, под услов да не рчка мечка. Мечката издаде лајсенс ту кил кога стана стопроцентно сигурна дкеа Ѓинѓиќевото стрелање ќе наиде на топол прием, меѓутоа не кај својата клиентела туку кај (мнозинството) соборци на Ѓинѓиќ и демократската јавност.

Соборците - чест на исклучоците - и демократската клиентела мислеа дека после отстранувањето на Милошевиќ , по земјата Србија автоматски ќе потечат реки демократски мед, млеко, директорски функции, национални фреквенции, доходовни бизниси и привилегии, па кога демократската клиентела го виде она што го видоа Станишиќ и Ќосиќ, дека Зоран Ѓинѓиќ најстварно наумил да го распичка клиентелистичкиот систем - кој го произведува Милошевиќ - ја сврте плочата и почна да го мава и колне погласно од „поразените сили.“

Можеби се прашувате зошто Мечката го стрелаше Ѓинѓиќ ако знаеше дека тој ќе дигне раце од политика и ќе ѝ се врати на професијата. Да знаете дека тоа беше за да се испрати порака во етерот дека во иднина секој кој ќе се обид да го прави она што се обидуваше да го прави Ѓинѓиќ, ќе помине како Ѓинѓиќ.

Светислав Басара

* текстот е компилација од неговите колумни Игра Мечка, Младите мајмуни на Србија и Исповед на младиот мајмун

*********

Повеќе од Басара на Офф  - овде

 

 

29 ноември 2021 - 11:40