Обесчестувањето на Германија трае веќе некое време. Кипарските демонстрации од март 2013-та вклучуваа транспаренти со карикатури од Меркел преправена во Адолф Хилтер. Во Валенсија во исто време, по повод годишната прослава на Фаиа, Меркел беше зла директорка на училиште која на шпанскиот премиер и неговите министри им ги пренесуваше "Десетте заповеди на Ангела Екстерминаторот." На крај таа беше запалена во огновите на кладата на Св. Јосиф.
Два месеци претходно, во Португалија, на слични паради ги имаше истите хитлеризирани карикатури на Меркел, кои ги носеа јадосаните демонстранти облечени во црнина и оплакувајќи ја политиката на германската лидерка "на масакрирање на сиромашните".
Нормално тука беше и Грција, каде феноменот го достигна својот врв за време на речиси немирите од октомври 2012-та, во кои светот беше почестен со спектакл од германски и нациститчки знамиња заедно развиени - а потоа и запалени заедно - пред Акропол во сцени кои ја навестуваа насловната на Шпигел.
Во Италија, десничарскиот весник Il Giornale без колебање ја посвети својата насловна за 3-ти август 2012-та, на појавата на "Четвртиот Рајх." Исто така, конспираторските сајтови во земјите од северна Европа тврдат дека германската подготвеност за поддршка на украинскиот претседател Петро Порошенко наспроти рускиот претседател Владимир Путин е реприза на хитлеровото потчинување на Украина.
Потоа тука е Франција, каде играта изгледа е кој може да биде на врвот во популистичкото осудување на новата и омразена "германска империја." Од екстремната десница, лидерката на националниот фронт Мари Ле Пен ја напаѓа Меркел за "страдањето" што таа им го наметнува на луѓето од Европа. Од спротивната екстремност го имаме Жан-Лук Меленхон од левичарската партија кој ја напаѓа политиката за штедење на Меркел, а неа ја поканува да "заќути."
Проблемот со германофобијата не е дека тоа само е глупаво, или дека е уште еден симптом на распаѓање, непријатен за очите, на благородниот европски проект на интеграција и се поблиска унија.
Не, проблемот со денешната германофобија е дека, нивното однесување не е знак на нивно спротивставување на заканата од вистински фашизам, туку на нивна верност - ако не и придонесување - кон него. Зошто?
Има неколку причини. Прво, да се спротивставуваш на социјалната, економската и надворешна политика на Германија со тоа што ќе ја изедначуваш Меркел со Хитлер е банализирање на Хитлер. Без разлика колку се легитимни несогласувањата со овие политики, Германија е една од најсовесните демократии на континентот. Да се каже дека таа на кој било начин наликува на нацистичкиот режим - кој во Европа е одговорен за уништувањето на демократијата (и самата цивилизација) - е како да го ослободиш тој режим од секаква вина, и да им се даде поддршка и поттик на денешните нео-фашисти, дозволувајќи им, дали намерно или не, да се вратат во јавната дебата.
Уште повеќе, оние кои се најжелни да ја дискредитираат Меркел се истите луѓе кои не се двоумат да играат валцер со виенските нео-фашисти или да формираат сојуз, како во Атина, со лидерите на изворно екстремистичка партија. Целата галама крената околу Германија која наводно беше "обединета со своите демони" ги маскира гласовите на фашистичките партии - од Златна зора во Грција до унгарскиот Јобик, словачкиот СНС, белгискиот Влаам Беланг и бугарската Атака - кои се во процес на сопствено етаблирање во Европа.
Исто така не треба да се заборави и дека Меркел е жена, и дека омразата кон жените - презирот кој тие, рамо до рамо со Евреите, го трпат од расистичките теоретичари на 1920-те и 1930-те години - е клучна димензија на секој можен израз на фашизам. Исто така слоганите кои се вртеа во Валенсија во октомври 2012-та - додека демонстраторите беа поттикнати да скандираат кон карикатурата на канцеларката, "Ќе ги сакаш парите повеќе од се'" и "Ќе ги почитуваш банките и Банката," - непогрешиво ја содржат смрдеата од старите мантри за "златното теле" и "космополитската плутократија."
Луѓето конечно ќе разберат дека анти-американизмот, роден меѓу екстремната десница и хранет, на пример во Германија од филозофијата на Мартин Хајдегерг, е измислица на фашизмот.
Сега нам ни дојде време да разбереме дека истото важи и за германофобијата. Во Франција, таа се појави кај францускиот анти-семитски автор и активист Морис Баре, кој во филозофијата на Кант откри средство за "еврификација" на европските мозоци. Ова се издигна со движењето Француската акција на Шарл Маура, и неговата долготрајна војна со "еврејските и германски апстракции."
Историјата на идеите има своја логика, разум и глупост, своја несвесност и своја траекторија. Истовремено е и залудно и опасно тие да се негираат.
Токму затоа, денес, е критички важно, соочени со мрачната сила која се издигнува, расте и се размотува низ Европа, да се одбрани Ангела Меркел.