Што е смислата на пропусниците ако и вакцинираните шират зараза?

Знам дека ковидиотите ќе речат дека за вакви работи не смее да се пишува бидејќи се „антиваксерски“ но ова се просто факти и мислам дека е добро за фактите да зборуваме и да ги видиме проблемите.

Бидете паметни и креративни, бидејќи мене ова ме збунува.

Ги погледнав десетте земји со најмногу и најмалку вакцинирани во ЕУ28. Се испостави дека сите овие десет со најмногу имаат повеќе случаи од овие со најмалку?! Потполно инверзна ситуација од онаа која би ја очекувале.

Знам дека ковидиотите ќе речат дека за вакви работи не смее да се пишува бидејќи се „антивакс“ но ова се просто факти и мислам дека е добро за фактите да зборуваме и да ги видиме проблемите.

Така можевме да видиме дека само половина од постарите од 80 се вакцинирани а да бараме да се вакцинираат деца, за да се достигнат посакуваните проценти (како што тоа го бараа нашите стандардно неуптаени епидемиолози) и да го обвиниме секој кој е против дека е „антиваксер“.

Но, според мене, ова е вистински проблем и сега и не е толку чуден кога знаеме дека и вакцинираните можат да шират зараза, и сам верував дека до тоа скоро нема да дојде, но податоците од Израел и Велика Британија нè демантираат.

Единственото можно објаснување кое го гледам се ковид-пропусниците. Дали тоа што вакцинирани  со пропусници, заедно со оние со негативен ПЦР тест влегуваат на настани во затворени простории и така некои од нив стануваат супер-ширачи?

Всушност, која е смислата на пропусниците ако и вакцинираните можат да пренесуваат зараза?

Повторувам, овде не се работи за тоа да нема корелација, туку нешто баш чудно, што постои инверзна корелација. Нациите со најголем вакцинален опфат се при врвот на новозаразени, и обратно.

ВАЖНО: Со ова никако не сакам да кажам дека вакцинирањето нема смисла, бидејќи сите податоци упатуваат на значајно намалување на тешките облици на болеста и смртните исходи. Можеби навистина е време да престанеме да ги броиме случаите? МОжеби тие имаат многу случаи но помалку смрт и хоспитализации.

Ненад Бакиќ,
основач на СТЕММ,
најголемиот воннаставен програм во Европа

20 јули 2021 - 09:44