Англичаните го изгубија правото да ги рачунаат Америте за глупи

Еден ден опуштеност и невнимание и луѓето од островот добороволно се откажаа од својот омилен национален спорт, пишува Енди Боровиц во Њујоркер.

Низ целото Обединето кралство, Британците во петокот го оплакаа своето долгогодишно право да тврдат дека Американците се каде-каде поглупави од нив.

Уживањето во супериорноста на нивниот интелект во однос на американскиот долго време беше омилен начин на денгубење во Британија кој во популарноста ги надмина и традиционалните спортови како што е крикетот, пикадото или снукерот.

Но, според Алистер Доринсон, сопственик на паб во северен Лондон, британските гласачи нанесоа непоправлива штета на "најмераклискиот спорт кој оваа нација го знае: да ги правиш Американците идиоти."

"Кога нашите сограѓани ги пуштаа своите гласови, тие не сфаќаа дека ја уништуваат најдрагоцената активност која оваа нација ја знае," вели тој. "Дркаџии."

Наспроти покажаниот идиотизам на национално ниво, тој сепак успева да собере надеж по која Британците се познати:

"Ова се црни денови за нас. Но, се надевам дека во ноември (кога се гласа во САД-  заб.прев.) Американците повторно ќе станат поглупи од нас"

 

25 јуни 2016 - 11:50