Студентите од UX/UI и Графички дизајн на Brainster Next работеа на проект кој нема да остане „само студентска вежба“, туку ќе стане реален производ, новата Limited Edition лименка на „Златен Даб“, која ќе се најде на полиците низ Македонија во пролетта 2026 година.
Со оваа иницијатива, „Златен Даб“ уште еднаш покажа зошто е бренд со тежина: не само што гради препознатлив идентитет со години, туку и храбро инвестира во нови идеи и нови генерации, отворајќи простор младите таленти да создаваат за бренд со национално значење.
Кога ќе се промовира новата лименка, ќе се промовира и самиот дизајнер, неговото име ќе стои на лименката, а јавноста ќе ја дознае и приказната зад решението: инспирацијата, концептот и искуството од процесот. Тоа е ретка можност за студент: да добие видливост, реално портфолио и кредит за работа што ќе ја видат илјадници луѓе.
Во текот на 48 часа, студентите поминаа низ процес кој целосно го следи начинот на работа во индустријата: од првичната идеја и истражување, преку развој на концепт и тестирање, до финална презентација пред тим кој носи вистински одлуки. Ова е суштината на практичниот пристап на Brainster Next — образование каде што учењето се случува преку реална работа, под притисок на рокови, со јасен бриф и со критериуми што важат во професионален свет.
Секоја одлука и секој дизајн мораше да биде аргументиран, функционален и усогласен со идентитетот на „Златен Даб“. Фокусот не беше само на визуелната привлечност, туку и на тоа дали решението е изводливо, препознатливо, релевантно за пазарот и автентично. И најважно, дали зад дизајнот стои силна приказна што ќе ја почувствува публиката.
„Секој момент од хакатонот беше вистинско уживање. Се чувствував совршено додека дизајнирав, до последниот момент, до последниот час и минута“, објаснува студентката од втора година Аника Цветановска, која учествуваше на хакатонот.
„Преку мојот дизајн најмногу сакав да прикажам колку можеме да се поврземе со нешто и колку тоа може да ни влијае емотивно. Преку главниот лик сакав да покажам дека понекогаш се чувствуваме како да сме во посебен свет кога ги правиме работите што ги сакаме. Во овој случај, тоа е претставено преку моментот кога го пиеме пивото „Златен Даб“,“ вели Аника.
Менторство од професионалци кои веќе работеле на „Златен Даб“
Во текот на целиот процес, студентите работеа со поддршка од осум ментори од индустријата, меѓу кои и дизајнери кои биле вклучени во претходни Limited Edition изданија на „Златен Даб“. Ова им даде на студентите реален увид во тоа како се поставуваат критериуми за бренд-дизајн, како се брани концепт и како се носат одлуки кога дизајнот треба да биде и креативен и применлив.
Проектот Limited Edition трае со години, а досега во него биле ангажирани еминентни дизајнери. Досегашните дизајни се издвојуваа визуелно на рафтовите и успешно привлекуваа внимание, а оваа година, брендот реши да направи следен чекор: да ја отвори вратата за новата генерација.
„Многу сум горда што сум дизајнирала лименка за „Златен Даб“ и што имав можност да оставам свој печат во една историја. Интересно е што сега сум од другата страна, давам мислење за други решенија и многу ми е мило што повторно сум дел од процесот. За еден дизајн да биде победнички, важно е да раскажува приказна и да биде соодветен за темата, новите генерации во нивното најдобро светло. Но исто така важни се печатот и автентичноста на самиот дизајнер“, објаснува Ирина Атанаскова.
Студентите добиваа поддршка и од тим составен од претставници на Прилепска Пиварница и маркетинг агенцијата Футура 2/2. Ова им овозможи директен увид во професионалните стандарди, но и во одговорноста што ја носи работата на бренд со широк досег.
„Нашиот мотив годинава да им ја довериме задачата на студентите од Brainster Next е затоа што веруваме во идните генерации. Тие имаат поинаков пристап кон работа и собирање идеи, гледаат пошироко, следат што е најново и модерно и носат свежа перспектива. Веруваме дека тоа ќе биде привлечно и за младата публика. Студентите на Brainster Next се токму таков тип луѓе, ги следат трендовите и се чекор напред во новите техники“,објаснува Тодорка Сајкова од Прилепска Пиварница.
По финалните презентации, тимот составен од претставници на Прилепска Пиварница и маркетинг агенцијата Футура 2/2 направи селекција на 22 дизајнерски решенија кои влегоа во финалната фаза.
Свежина во боите, оригинални илустрации, имагинација, рачна изработка, но пресудно ќе биде идејата да биде компактна, а зад дизајнот да стои силна приказна.
Во наредниот период ќе следи избор на победничкиот дизајн, а дел од финалните решенија ќе бидат јавно претставени.

Овој хакатон е доказ дека младите најдобро го разбираат современиот визуелен јазик, трендовите и публиката бидејќи реално го живеат и го создаваат новото време. Од Прилепска Пиварница посакуваат оваа соработка да прерасне во традиција и да продолжи и во наредните години.
Со оваа иницијатива, Прилепска Пиварница и „Златен Даб“ испраќаат силна порака: иднината е во младите, а кога ќе им се даде доверба и реална платформа, тие можат да создадат решенија што рамноправно стојат на пазарот.
„Целта на проектот е да ги охрабриме младите да го покажат своето знаење, вештини и талент. Дадовме шанса на стотина студенти да работат на реален производ и да покажат што знаат. Сакаме да ги охрабриме дека постојат компании кои се грижат за младите и им даваат шанса.“, додава Сајкова.
Оваа соработка е уште еден доказ за пристапот на Brainster Next, образование кое не се мери само со испити и оценки, туку со реално искуство, самодоверба и подготвеност за работа. За студентите, ваквите проекти се огромна предност: прилика да работат на бренд со национална препознатливост, да научат како функционира индустријата и да изградат портфолио со реална пазарна вредност уште за време на студиите.
Хакатонот јасно покажува што се случува кога компаниите им даваат доверба на младите, а образованието им дава простор да создаваат, резултатот се уникатни креативни решенија и млади луѓе кои точно знаат што сакаат и како да го постигнат тоа.
(Комерцијален текст)