ВО СКЛОП НА ПАРК РЕЗИДЕНС СЕ ОТВОРИ LITTLE BOX – SHOP&WINE

Резиденцијалниот објект Парк Резиденс денес официјално се збогати со уште една нова содржина. Во склоп на објектот од утре сите посетители ќе можат да уживаат на уште едно ново место, кое како концепт за прв пат се отвора во Скопје.

Посетителите на Little Box – Shop & Wine, ќе можат да ги дегустираат речиси сите вина од македонско потекло, како и вина од странскиот пазар, во прилог со уникатни деликатеси. Ова уникатно катче ви нуди можност за дегустација, организирани настани, прослави или пак од ова место со препорака од стручни лица ќе можете да купите вино по ваш вкус.

Она што останува е да одвоите од вашето време и да го посетите ова уникатно место, кое е различно, како по својот концепт така и по својот наменски ентериер и магичен амбиент.
За Парк Резиденс:
Парк Резиденс со својата безконкурентна местоположба, автентичноста на дизајнот како и ентериерот ги исполнуваат сите највисоки стандарди. Повеќенаменскиот комплекс кој е распространет на површина од 32.264м2 се состои од резиденцијален дел од вкупно 126 апартмани, деловен простор, како и голем број на содржини кои се во склоп на Парк Резиденс.
Комплексот зрачи со позитивна енергија на просторот и ентериерот, изобилува со многу светлина и одличен распоред на апартманите и деловниот простор. Градејќи го овој комплекс внимававме на многу мали детали, се со цел да обезбедиме хармонија и задоволство на нашите клиенти, кои тука, на овој магичен простор ќе ја започнат својата животна приказна, ќе го живеат својот сон, во околина на многу зеленило надополнета со уникатен поглед.

Во изградбата на Парк Резиденс се користени материјали од светските брендови како Cotto D' ieste, M&Z, VIP, BAUDZT, Progetti, Rossini, имплементирани се највисоки безбедносни стандарди, кои се потврдени и од овластените институции во земјата, што е повеќе од гаранција за високиот квалитет.
Апартманските и деловните единици поседуваат енергетско-ефикасен систем за греење и ладење и ги исполнуваат сите највисоки европски технички и градежни нормативи. Обезбеден е 24-часовен мониторинг на целиот објект, видеофонија, алармен систем, централно греење и ладење, вклучувајќи и комплетна инсталација со фенкојлери и геотермални пумпи за точно мерење на потрошената енергија.

Во склоп на комплексот Парк Резиденс, наскоро ќе биде отворен и уникатен модерен хотел со 5 ѕвезди. Парк Хотел кој се простира на површина од 7 000 м² ќе располага со 80 соби, пространата модерна тераса од 700 м2 покрај кејот на реката Вардар, ресторан од 1000 м2 кои ќе ви приреди најголеми гурмански доживувања од светска и национална кујна, фитнес центар од 1000 м2 со најсовремени услови и опрема за вежбање, уникатен спа центар, бар, конференциска сала, перална и уште многу други содржини.

Дел од семејството Парк Резиденс се и уникатните угостителски објекти Twins Kitchen&Wine, Brick Bar и Little Box, каде можете да уживате во утринското кафе, ручек и разни деликатеси, со исклучителен поглед на градскиот парк и реката Вардар.

Park Residence - Идеален за вашето семејство, создаден за вашиот бизнис.

(комерцијална објава)

3 март 2016 - 11:13