Вклучувањето на македонските банки во европските платежни шеми - чекор напред кон ЕУ

Приближувањето на Северна Македонија кон Европската Унија носи сè поконкретни економски придобивки за граѓаните и бизнисите. Вклучувањето на македонските банки во европските платежни шеми (СЕПА) значи побрзи, поевтини и посигурни трансакции во евра со земјите од ЕУ - чекор што директно ја зајакнува економската поврзаност со еден од најголемите пазари во светот.

Оваа промена има особено значење за малите и средни претпријатија, кои ќе можат полесно да тргуваат, да ги намалат трошоците за меѓународни плаќања и да станат поконкурентни на европскиот пазар. Истовремено, побрзиот проток на капитал ја подобрува ликвидноста и ја зголемува атрактивноста на земјата за странски инвестиции.

Чекорот е дел од пошироките европски планови за раст, со кои земјава постепено се интегрира во единствениот пазар на ЕУ уште пред полноправното членство. Усогласувањето со европските правила не носи само технички промени, туку создава услови за стабилен економски раст, поголема доверба во финансискиот систем и реални придобивки што граѓаните и компаниите можат да ги почувствуваат во секојдневието.

(Комерцијален текст)

19 декември 2025 - 13:23