Телеком приреди доживување за сите сетила!

Порта Македонија, паркот Жена Борец и улицата 11 Октомври во саботата вечер беа претесни да ги соберат сите фанови на Каролина, Северина и Дејвид Моралес. Телеком ја вети најголемата забава во градот и го исполни ветувањето.

Центарот на Скопје во саботата вечер се претвори во центар на сите случувања благодарение на музичката програма што беше подготвена за големиот музички спектакл.

Најголемата македонска поп-ѕвезда Каролина Гочева и најбараната регионална атракција Северина беа хедлајнери на големиот настан на кој присуствуваа илјадници фанови. Каролина се претстави со проектот „Македонско девојче" и уште еднаш докажа зошто повеќе од една деценија суверено владее на македонската музичка сцена. Северина предизвика еуфорија со својата појава, но и со атрактивниот и динамичен настап и ја оправда верноста на македонската публика со бројните стари и нови хитови.

Атмосферата дополнителнително ја загреа добитникот на Греми награда, култниот продуцент и ДЈ, Дејвид Моралес, чии сетови ја забавуваа публиката до два часот по полноќ, претворајќи го центарот на градот во клуб на отворено.

Водител на настанот беше урнебесниот Сашко Коцев.

Спојувањето на двата телекомуникациски гиганта, Т-Мобиле Македонија и Македонски Телеком, освен што ќе донесе нова вредност за корисниците, несомнено ќе понуди и поинаква содржина, новии скуства и доживувања, а овој голем спектакл секако беше едно од нив.

(комерцијален текст)

21 септември 2015 - 13:35