
Агенцијата ја доби бронзената награда за кампањата #НаправиМесто за клиентот Македонски Телеком, во конкуренција на многу други кампањи од земјата и регионот.
Кампањата креирана од Saatchi&Saatchi, која повикува на надминување на разликите и на меѓусебно зближување, беше наградена во категоријата „Телекомуникации“, како дел од натпреварувачката програма на Balcannes 2025.
Самиот успех уште еднаш ја потврдува креативноста и иновативниот пристап на тимот на Saatchi&Saatchi, дел од Publicis Groupe Skopje. Со автентични приказни и силна изведба, кампањата #НаправиМесто успеа да создаде вистински општествен ефект, поттикнувајќи добрина, култура и поврзување. Во нејзината срж беа ставени луѓето – со вистински емоции и искрени пораки кои допреа длабоко и инспирираа промена.
Фестивалот Денови на комуникација (орг. Dani Komunikacija) се одржува во хрватскиот град Ровињ по 11-ти пат, и трае од 15 до 18 мај. Како и секоја година, овој фестивал е домаќин на неколку илјади креативци од регионот кои ги претставуваат своите идеи, иновативни кампањи и креативни творештва пред своите колеги од индустријата. Натпреварувачкиот дел Balcannes, како дел од фестивалот, ги истакнува најдобрите и најкреативни кампањи од Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Србија и Македонија за изминатата година.
(Комерцијален текст)