Италијанскиот шеф со Мишелин ѕвезда, Џорџо Дијана, за прв пат ќе гостува во Македонија, а честа да ги пробаат неговите специјалитети ќе им припадне на сите оние кои ќе бидат дел од специјалната вечера во ресторанот на Su Hotel во сабота, на 13-ти октомври.
Меѓу другите гостински готвачи кои ќе ја збогатат гастрономската понуда се и српскиот шеф Ѓорѓе Крстиќ, романскиот шеф Раду Зарнеску и македонскиот шеф Дејан Карапеев. Како дел од програмата е предвидена обука на локалните готвачи на Факултетот за туризам и угостителство, гала вечера и презентација и дегустација на разни локални и морски специјалитети за посетителите на фестивалот.
Покрај светските специјалитети кои ќе бидат понудени на дегустација за посетителите на Taste Ohrid, интересна за посетителите ќе биде и понудата на реинвентирани македонски рецепти. Имено, користејќи локални производи и традиционални македонски специјалитети, локалните шефови Давид Санџакоски и Никола Ангелкоски, заедно со светските и локалните готвачи кои ќе присуствуваат на обуката одржана на Факултетот за туризам и угостителство, ќе приготват нови вкусови за бесплатна дегустација на „After Work Sunset Party”, со почеток од 17 часот пред Su Hotel во петок, на 12-ти октомври.
Покрај гастрономската понуда на фестивалот, ќе бидат понудени содржини и за љубителите на адреналинските спортови и планинскиот туризам, па во рамките на спортскиот дел од фестивалот посетителите ќе можат да уживаат во прекрасните предели на националниот парк Галичица и Охридското Езеро преку организираните тури за велосипедизам.
Секако, покрај гастрономското уживање и спортските активности во текот на денот и попладневните часови, вечерните часови се резервирани за добрата забава и дружење, а за таа цел ќе бидат организирани забави низ повеќе локални барови и ноќни клубови во Охрид.
Настанот „Taste Ohrid 2018“ е поддржан од Општина Охрид, ЕДЕН – туристички кластер за југо-западна Македонија и Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост.

Повеќе информации и пријавување за велосипедските тури на веб страната www.tasteohrid.mk.
(комерцијален текст)