Моја скопска приказна, зголемен интерес, зголемени парични награди

Моја скопска приказна со нов поддржувач на проектот.

‘Еуролинк Осигурување А.Д Скопје’ го препозна потенцијалот и важноста на проектот и финансиски го поддржа истиот. Согласно укажаната поддршка, износот на паричните награди за конкурсот на фотографии инспирирани од автентични скопски фасади е зголемен:

   1во место - 500 евра во денарска противвредност;
   2ро место - 300 евра во денарска противвредност;
   3то место - 100 евра во денарска противвредност.

Најдобрите фотографии ќе бидат претставени на изложба во Музеј на современа уметност, на 8ми Мај 2018 година. Условите за аплицирање остануваат исти. Ќе се наградува најдобрaтa композиција од 5 фотографии по учесник на тема ‘стари автентични скопски фасади’.

За учество, потребно е да се испратат фотографии инспирирани од 5 различни фасади, кои ќе ја прикажат архитектурата, дизајнот, автентичноста и единственоста на истите. Се бара креативна композиција и јасност во фотографиите. Еден од критериумите за оценување е квалитетот и оригиналноста на фотографијата.

Фотографиите не треба да бидат помали од 1MB и не поголеми од 5MB. Истите мора да бидат подготвени за печатење. Сите учесници потребно е да бидат во можност да обезбедат фотографија со висока резолуција погодна за печатење за изложба доколку фотографијата е потребна. Рокот за конкурсот е до 18.04.2018 година.

Фотографи од сите возрасти и нивоа на искуство се поканети да испратат фотографии од автентични скопски фасади со што ќе добијат можност да освојат парична награда. Фотографиите треба да се испратат преку линк на: office@strymonfilm.mk.

(комерцијален текст)

12 април 2018 - 13:08