Правилата за учество им овозможуваат на корисниците на картичките од брендот MasterCard да учествуваат со секоја поединечна трансакција во износ над 300,00 денари, направена во периодот од 01.11.2016 до 31.12.2016 година. Со секоја трансакција корисниците добиваат по една шанса за учество во наградната игра, а доколку трансакциите се направени со бесконтактната картичка MasterCard Debit, дури и двојна шанса за учество.
Квалификувани за учество во наградната игра се сите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија (лица со и над 18-годишна возраст), кои се корисници на која било од дебитните или кредитните картички од брендот MasterCard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.
Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 13.1.2017 г. со почеток во 12:00 ч., во просториите на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во присуство на комисија составена од тројца официјални претставници. За повеќе информации околу Шпаркастичната наградната игра, како и за правилата, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Ерсте и Штаермеркише Шпаркасе Групацијата, која бележи речиси 2 века постоење на финансискиот пазар во Р. Австрија и претставува синоним за стабилност, сигурност и континуитет во работењето со изграден и препознатлив бренд. Воедно таа е една од најсилните банкарски групации во Европа, која со својата долгорочна стратешка ориентација кон регионот на Југоисточна Европа дополнително ја зацврстува позицијата на Шпаркасе Банка Македонија како доверлив партнер на сите групи клиенти. Шпаркасе Банка Македонија зaедно со сестринските банки во Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и во Црна Гора, е дел од најсеопфатните банкарски мрежи во регионот.
Штаермеркише Шпаркасе Групацијата со својата билансна сума од 14,4 милијарди евра, повеќе од 2.339 вработени и преку 239 експозитури и регионални центри опслужува речиси 680.700 клиенти.
(комерцијален текст)