Колективен постапувач ОИЛТЕК ДОО – Ваш партнер за одговорно управување со масло и отпадно масло

Компаниите кои увезуваат или произведуваат моторни масла во Македонија се соочуваат со зголемени обврски по донесувањето на Законот за проширена одговорност на производителот.

ОИЛТЕК, како лиценциран колективен постапувач за масло, е тука да им помогне на сите економски оператори/увозници да ги исполнат законските обврски брзо, безбедно и ефикасно.

Зошто е важен договорот со ОИЛТЕК?

Законска усогласеност – Обврската за плаќање на еколошка такса и соработка со колективен постапувач е регулирана со Законот за проширена одговорност. Без склучен договор, компаниите не можат да царинат и подигнат увезеното масло

Царинска контрола – Со зголемени инспекции и нови контроли, сите увозници мора однапред да обезбедат Потврда за регистрација и соработка со колективен постапувач, за да избегнат задржување на стока и дополнителни трошоци.

Еколошка одговорност – Со ОИЛТЕК, компаниите не само што ги исполнуваат своите обврски, туку придонесуваат и за зачувување на животната средина преку правилно управување и рециклирање на отпадното моторно масло.

Партнерство со сигурност и искуство

Од вкупно пуштени на пазарот 1.500 тони масло од членките на Оилтек во 2024 година, собрани се повеќе од 320 тони, рециклирани се 170 тони во земјава, а дополнителни 125 тони беа извезени за рециклирање во странство или повеќе од 90% од собраното масло е рециклирано.  Сите количини се обработени без ниту една неправилно отстранета капка – податок што потврдува дека компанијата работи со врвни еколошки стандарди.

Со повеќе од 40 активни договори со компании како Мотоцентар, Макпетрол, Порше Македонија, Еуроимпекс, Гранит и други, го одбраа ОИЛТЕК како докажан партнер во исполнување на еколошките обврски и рециклирачка ефикасност.

Контактирајте ги Оилтек и станете дел од нивната мрежа на соработници со пополнување на едноставен формулар или пак контактирајте ги на 071 327 139.

(Комерцијален текст)

 

24 април 2025 - 10:52