Како да му помогнете на вашето дете да не погреши во изборот на факултет?

NU High School Academy организира предновогодишен After-Work настан со бесплатни кариерни сесии наменети за родители на амбициозни средношколци од прва до четврта година во средно училиште. Настанот ќе се одржи на 17 декември 2025 година, со почеток во 17:30 часот, во просториите на Бреинстер на ул. „Васил Ѓоргов“ бр. 19 во Скопје. Влезот е 100% бесплатен, но бројот на места е ограничен и потребна е претходна регистрација.

ШТО ЗНАЧИ АМБИЦИОЗЕН СРЕДНОШКОЛЕЦ?

Не мислиме само на ученик со одличен успех или највисоки оценки, туку на млад човек кој проактивно бара знаење, поставува прашања, сака да разбере како функционира светот и се обидува да открие во што е добар. Човек кој не го чека факултетот за да започне да се развива, туку навреме ги открива и тестира своите интереси, учи вештини што се бараат на пазарот и се обидува да стекне реално искуство преку проекти, курсеви или волонтирање. 

Реалноста е дека поради комплицираниот систем за воведување промени во формалното образование, тешко се фаќа чекор со дигиталната и AI ерата, па сè поголем дел од младите во формалното средно образование учат теорија и вештини што се слабо поврзани со новиот изглед на нивните идни професии, предоцна почнуваат да стекнуваат практични знаења, талкаат во изборот на факултет или пак запишуваат и завршуваат факултет без јасна слика што ќе прават понатаму.

Токму затоа, целта на овој After-Work е родителите од прва рака да дознаат како нивното дете навреме да стигне до јасен кариерен план, практични вештини и реални работни ангажмани уште во средно. NU не е замена за средното школо, туку дополнителна можност средношколците да се стекнат со вистински компетенции и кариерни можности уште додека се во средно, со кои ќе бидат супериорни во однос на своите врсници.

ШТО ЌЕ ДОБИЈАТ РОДИТЕЛИТЕ НА КАРИЕРНАТА СЕСИЈА?

Сертифицираниот кариерен советник, Ивана Дојчиновска, ќе им помогне на родителите да разберат како да го поддржат своето дете при изборот на кариера, додека пак актуелни ученици на NU академиите ќе споделат како тие веќе градат портфолио, работат на реални проекти и се подготвуваат за факултет и работа. Присутнтие ќе може да се запознаат со тимот и дел од менторите на NU High School Academy.

„Родителите денес се соочуваат со свет кој се менува побрзо отколку што некогаш се менувале цели генерации. Наша цел е да им помогнеме да се снајдат во таа нова реалност и да дознаат како нивните деца да стигнат до вештините, самодовербата и јасен кариерен правец уште во средно образование,“ вели Ивана Дојчиновска, сертифициран кариерен советник на NU High School Academy.

На бесплатните кариерни сесии родителите ќе дознаат кога е најдоброто време нивните средношколци да започнат со учење практични вештини, како да откријат во што се навистина добри, како да направат разлика меѓу амбицијата на родителот и она што е навистина добро за детето, кога треба да започне со размислување за реална работа и како да го заштитите вашето дете од погрешен избор на факултет.

МОЖЕ ЛИ ВАШИОТ СРЕДНОШКОЛЕЦ ДА ЗАРАБОТИ МИЛИОНИ?

Програмите на NU High School Academy се надоврзуваат на истата филозофија што ја демонстрираше и „Средношколец Милионер“, најголемиот натпревар за млади претприемачи во земјава во организација на Бреинстер групацијата, каде стотици средношколци покажаа дека кога ќе им се даде вистинска насока, менторство и можност, тие создаваат решениja, продукти и бизниси кои реално функционираат.

Токму преку овој натпревар, на кој беа доделени милион денари за победниците со најдобра бизнис идеја, најдобро се воочи разликата меѓу класичната теорија која се учи во средно и учениците кои сакаат да учат преку практична работа, работа во тим, брзото тестирање на сопствените идеи и презентирање пред инвеститори. Резултатите од натпреварот ја потврдија нашата главна премиса во Бреинстер екосистемот - кога млад човек ќе добие вистински систем и поддршка, амбицијата се претвора во вештина, самодоверба и зрелост која ги подготвува младите за иднината многу подобро од традиционалните методи.

КАКО ДА ГО НАПРАВИТЕ ИЗБОРОТ НА НАЈДОБРОТО ЗА ВАШЕТО ДЕТЕ?

NU High School Academy е паралелен едукативен систем за средношколци кој ги учи младите на вештините на иднината: AI и автоматизација, дигитален маркетинг, графички и дигитален дизајн, web-програмирање и претприемништво. Ова се учи преку работа на реални проекти со искусни ментори од индустријата, стимулирајќи тимска работа и презентирање на вештините. 

NU академијата им помага на учениците да изградат портфолио уште додека се во период на учење средно училиште, да го откријат својот талент и да влезат на пазарот на труд многу поспремни.

Настанот е бесплатен, но местата се ограничени. Сите заинтересирани може да се регистрираат за присуство тука (https://nuacademy.mk/new-years-eve-after-work/)

(Комерцијален текст)

11 декември 2025 - 14:51