Индустријата 4.0 ги елиминира старите и создава нови работни места

Индустрискиот робот Бакстер со две раце и анимирано лице, способен да изврши полесни задачи како дотур, сортирање и пакување на артикли, не се заморува, не користи годишен одмор и чини 25.000 долари

Компанијата „Моментум-машинс“ произведе машина која има капацитет за производство на 400 хамбургери во еден час, што е еквивалент на капацитетот на тројца професионални готвачи.

„Убер“ ги исфрла од пазарот такси-возачите, што наскоро ги чека конкуренција во облик на автономни возила. Касите со самопослужување ги заменуваат работниците во супермаркетите. Индустрискиот робот Бакстер со две раце и анимирано лице, способен да изврши полесни задачи како дотур, сортирање и пакување на артикли, не се заморува, не користи годишен одмор и чини 25.000 долари.

Светот влезе во ерата на четвртата индустриска револуција. Брзиот развој на технологијата покажува потенцијал на радикален начин да ги менува сегашните професии и индустрии, а обемот на активностите што можат да бидат автоматизирани се шири и на сфери што беа резервирани исклучиво за луѓе, како управување со возила, превод, пишување на статии, редење на производи и многу други активности.

Во јавноста често се создава слика дека технологијата ги уништува добро платените работни места, долгите кариери и сигурни пензии, но технологијата исто така креира нови професии за навидум неповрзани индустрии, особено професии во кои доминираат когнитивни и не-рутински работни задачи, како и работни процеси што користат нестандардизирани компоненти и протоколи.

Благодарение пак на дигиталната трансформација во сите индустрии, а особено во малопродажбата, осигурувањето и во телекомуникациите, континуирано се трансформира работењето и прилагодувањето на услугите и решенијата за корисниците.

Водечките компании ги следат моделите на успешните трансформации, а нивните аспирации се максимално насочени кон можностите и предностите што ги овозможува „новото време“.

Можностите што ги нуди вештачката интелигенција, роботиката, 3Д технологијата, нанотехнологијата и паметните уреди се неограничени и поврзуваат услуги и нудат екстра можности за поефикасно работење. Во таа смисла, компаниите можат на своите корисници да им понудат интегрирани решенија и услуги и голема слобода при изборот, во зависност од потребите.  

Едно од таквите паметни интегрирани решенија кои се целосно во чекор со новите, унапредени потреби на современото живеење е Magenta 1 Business пакетот на Македонски Телеком, што нуди неограничени разговори во фиксните и мобилните мрежи, супер брз интернет и бесплатни Cloud услуги за паметно работење.

Со ова решение, корисниците добиваат и буџет за набавка на смартфон, лаптоп, телевизор, принтер, компјутер, таблет по личен избор и тоа само со потпишување договор на 24 месеци. Деловните корисници на Magenta 1 Business пакетот можат да ја изберат најдобрата интерактивна телевизија MaxTV за во канцеларија, а со услугата  MaxTV GO таа станува достапна и во движење, преку кој било уред. На овој начин, секој деловен корисник на Magenta 1 Business ги добива сите потребни решенија на едно место и во една сметка.

Ваквиот особен раст на продукти и услуги, напредни можности и безмалку неограничени капацитети за складирање на податоци го зголемуваат бројот на сервиси што можат да се понудат на деловните корисници, бидејќи и покрај природната еволуција на индустријата, луѓето и натаму се еден од клучните фактори на економските активности.

Повеќе информации за Magenta 1 Business побарајте на telekom.mk во делот за деловни корисници,

на 120 или во најблиската Телеком продавница.

(комерцијален текст)

20 септември 2017 - 12:51