Според анализата која ја објави Pew Internet & American Life Project, играњето компјутерски игри може да има позитивен социјален, интелектуален и етички ефект. Позитивните податоци од ова истражување, во кое беа испитани 1.200 деца на возраст од 12 до 17 години, покажаа дека игрите ја подобруваат моториката, меморијата, концентрацијата, мулти-функционалноста, носењето одлуки и брзата реакција.
Истражувањата покажале дека гејмерите имаат подобрена чувствителност за визуелен контраст, а времето поминато играјќи видео игра може да биде успешен третман за амблиопија, позната како синдром на "мрзливо око".
Имајќи предвид дека постојат и образовни компјутерски игри, специјализирани за одредени возрасти во рамки на наставните програми, очигледно е дека "играњето компјутерски игри е Баба Рога" не може и понатаму да се зема како аксиома.
А сега замислете покрај позитивните ефекти на индвидуално ниво, видео-игрите да влијаат добро на иднината на човештвото.
ЉУБЕТИЛИ НА ИНОВАЦИИТЕ И ПРИДОНЕСИТЕ ОД ТЕХНОЛОГИЈАТА, ЕВЕ ЈА ДОБРАТА ВЕСТ
Креирана е филантропска игра за мобилни телефони "Sea Hero Quest" , чија крајна цел е формирање на база на податоци кои ќе бидат применети во научно истражување за справување со растечката појава на деменција во светот.
Амбицијата на "Sea Hero Quest" е да насочи бар дел од скапоценото време кое луѓето го поминуваат на играње игри кон нешто важно и вредно за човештвото, како што е медицинско истражување за најкомплексната, неистражена болест - деменцијата.
Само 2 минути играње на оваа иновативна игра, обезбедува податоци кои во слични лабораториски услови во реалноста би се добиле за 5 часа. Кога 120 секунди биле многу игра за вашиот личен придонес?!
Еден од првите симптоми на деменција е губење на способноста за навигација. Честопати докторите избегнуваат да дијагностицираат деменција, поради неможноста да се направи разлика помеѓу губење во просторот од старост или од мозочно заболување - деменција. Затоа "Sea Hero Quest" е иновативно и забавно решение кое овозможува полнење на бази на податоци од вашето навигирање при играње, кои ќе развијат нови алатки и тестови за рано поставување на дијагноза - деменција.
Деменцијата им ги "краде" спомените на луѓето што ги делат со своите сакани. А лек се уште не постои. Постојат само добри и свесни луѓе кои се трудат да ги унапредат сознанијата за оваа тажна состојба на умот кај старите луѓе.
"Sea Hero Quest" беше преземена од повеќе од 140.000 корисници на мобилни телефони во светот само во првите 24 часа од поставување на апликацијата на App Store и Google Play. Во Македонија, играта која е поддржана од Македонски Телеком исто така е голем хит, во првите неколку дена од лансирањето, таа е број еден преземана игра од Google Play.
Преземањето е бесплатно, а играњето е грижлив пристап кон подобра иднина на човековото здравје.
(комерцијален текст)