Фризурата е кралица на секој изглед

Не постои дама која не била во ситуација кога треба да се дотера во рекордно кратко време, а нема идеја што да направи со својата коса. Постојат многу предлози, начини и техники како да се направи ефектна грчка пунџа, плетенка или ретро локни, имагинативни идеи за брзи и лесни фризури што ќе нé одвојат од толпата.

Фризерската секција со 85 учесници, 60 женски фризери, 10 машки фризери, 7 шминкери и 7 ноктарки на 5, 6 и 8 Март, во Скопје Сити Мол од 16 до 21.30 ќе работат на 4 позиции каде посетителите ќе добијат совети што е актуелно во однос на бојата на косата, шминката и ноктите и како да се постигне урбан стил, што ќе може лесно и секојдневно да се одржува. Настаните ќе завршуваат со мини журка и презентација на целата работа на тимовите, а на 8 март ќе се организира и ревија со модели за најновите трендови на урбани и шик фризури.

Дојдете во Скопје Сити Мол и добијте најдобри совети за најатрактивните фризури и стилови за кои не се потребни часови и часови на фризер, користење на фен, фигаро, преса и бесконечно стоење пред огледало.

Сити Мол како и секој празник и овој 8 март за посетителите креираше активности со кои ќе ги забавува, изненади и орасположи дамите, цел куп забавни игри и награди! Од 5 до 8 март во СОС корнерот можете да добиете совет за уникатен и несекојдневен подарок или да креирате сами своја инстант-честитка во фото-корнерот. Може да бидете избрани во „Мисијата" каде ќе имате прилика да се изборите со препреките и да стигнете до својот подарок, а доколку пазарувате со вашата мајка или баба, сите три генерации жени ќе добијат 30% попуст и други вредни подароци со специјалната програма за 3 генерации!

Оние што бараат инспирација за нова фризура и шминка, ќе бидат пречекани во Beauty-корнерот, а таму своите вештини ќе ги демонстрираат фризерските студија: Патра, Финито, СПА, Бела Дона, Кут & Кут, Деан, Анче, Кин, Ред Мари, Грејс, Александар, Марија, Маме, Мој фриз, Вики В, Палиград, Аце, Имиџ, Бети, Велвет, Би Ју, Принцес, Сара бјути, Станче, Дијана, Нена, Каел, Сашо фриз, Екссајт, Бјути тренд, Зоки гламур, Акт, Нирвана, Фис арт и Гламур.

Секогаш е вистинско време за искажување љубов, но од 5 до 8 март Скопје Сити Мол е вистинското место на кое ќе најдете сé за вашите сакани http://skopjecitymall.mk/5678-mart/

(комерцијален текст)

 

5 март 2016 - 12:50