Станува збор за 48 годишниот Ноам Шазир кој важи за гениј за вештачка интелигенција а го напушти Гугл пред три години за да започне свој стартап.
Шазир бил меѓу првите стотина вработени од Гугл за развој на вештачката интелигенција а компанијата ја напушти поради фрустрираност зошто не го пуштаат чет-ботот кој го има развиено со колегата Даниел Де Фреитас.
Двајцата заминаа од Гугл за да го основаат Character.AI, кој брзо стана еден од најизвиканите стартапи во Силициумската долина а лани достигна пазарна проценка од една милијарда долари.
Неодамна Гугл соопшти дека Шазир, Де Фреитас и неколкумина други членови на Character.AI се согласиле повторно да работат за нив, во одделот DeepMind.
За тоа требале да ja купат лиценцата за Карактер.
Сè на сè, 2,7 милијарди евра, но главниот „капитал“ е самиот Шазир за кого екс ЦЕО-то на Гугл, Ерик Шмит, беше убеден дека ако постои некој кој може да развие ВИ модел со интелигенција на ниво на човечката, тоа е тој.