Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Барса си најде голман, топ замена за Тер Штеген

26 септември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели

Фото: epaimages

  • Триесет и четири годишниот полски голман Војчех Шчесни на крајот од август објави дека се повлекува од активното играње фудбал и дека оди во пензија. Оваа одлука беше несфатлива за многу навивачи на Јувентус ако се знае дека токму Полјакот беше еден од најдобрите во тимот во изминатите години.
  • Јувентус го доведе 25-годишниот голман на Монца Микеле Ди Грегорио, тука одамна е и резервниот голман Матија Перин па Шчесни реши да се повлече. Го поврзуваа со Саудиска Арабија но на крај тој соопшти дека сака малку да ужива со семејството.
  • Во меѓувреме се повреди првиот голман на Барселона Андре тер Штеген којшто ќе отсустува до крајот на сезоната. Барса веќе ги регистрира сите играчи за Лига на шампиони до јануари, а за домашните натпреварувања ќе може да смета на нов голман кој би дошол како слободен агент. Изборот паднал токму на Шчесни кој се очекува да се врати меѓу стативите затоа што повик од таков гигант доаѓа еднаш во живот.
извор

Алпинистот од Велес, Бобо Димовски го спасил српскиот алпинист кој се повреди во кањонот Демир Капија

23 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во саботата околу пладне, српски рекреативен алпинист паднал при искачување на карпите над реката Вардар во кањонот кај Демир Капија. Тој бил дел од група од седум алпинисти од Србија, кои практикувале спортско качување по стрмните карпести гребени, кога се случила несреќата.
  • За драматичниот настан кажуваат и други српски туристи, кои вчера биле во кањонот на Вардар кај Демир Капија.
  • „Пријде група за искачување, исто така од Србија, и побара полесна рута. Им ги предложив насоките ‘Полжав‘ и ‘Тулумба‘, а потоа ги оставив. Јас со сопругата се искачувавме по друга насока. Тие се одлучија за ‘Полжав‘ и тргнаа во две групи од по три лица. По еден час слушнавме повици за помош. Се упативме кон нив, а пристигна и член на АК ‘Велес ин‘, планинарот Бобо, кој храбро се искачи до повредениот Цобе и го симна. Таму веќе беа припадниците на специјалната единица ‘Волци‘, кои започнаа постапка за негово пренесување преку Вардар. Повредениот имаше најмалку две тешки повреди, отворени скршеници на ногата“, вели српскиот турист очевидец.
  • Од карпите, каде што повредениот висел на јаже на височина од околу 20 метри, го спасувал и велешкиот алпинист Слободан Бобо Димовски, кој во тој момент исто така бил на искачување.
  • „Околу пладне слушнавме врисоци, лелеци и повици за помош. Веднаш се упатив кон местото од каде што доаѓаа повиците. Видов дека човек виси на јаже и дека има обилно крвавење. Се искачив до него и го симнав на земја. Побаравме помош од Центарот за управување со кризи (ЦУК) и побаравме да биде испратен хеликоптер, бидејќи се наоѓавме од другата страна на Вардар и немаше можност повредениот да биде пренесен преку реката. Тој беше во тешка состојба. Имавме среќа што тој ден припадниците на армиската специјална единица ‘Волци‘ имаа тренинг во близина. Тие беа на истата, левата страна од реката, каде што не можеше да пристапи лекар. Припадниците на единицата пристигнаа, му укажаа прва помош и го имобилизираа. Потоа со јаже го префрлија преку реката, каде што го чекаше екипа на Итната медицинска помош“, вели Димовски.
извор

Верон: Нико Паз прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона

20 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Легендарниот Хуан Себастијан Верон користи возвишувачки зборови за Нико Паз. Според него ѕвездата на Комо и на Аргентина, ќе ги достигне највисоките можни височини во фудбалот.
  • „На 22 години, прави работи што сум ги видел само кај Меси и Марадона. Не велам дека ќе ги достигне тие нивоа, но ги поседува квалитетите за да се обиде да го постигне тоа. И му посакувам успех во остварувањето на таа цел.
  • „Соиграчите постојано го бараат и му ја додаваат топката дури и кога е чуван, знаејќи дека тој ќе ги помине противниците со дриблинг и ќе ги остави далеку зад себе. Нико е лидер преку начинот на кој се движи и како се справува со одредени моменти во играта. Тој одлучува кога да го забрза или забави темпото, во зависност од ситуацијата на терено. Може да напаѓа од десната или левата страна, како и низ средината. Тој е секогаш во срцето на играта.
  • Не сакам да правам споредби со играчи од различни епохи, но мислам дека Нико Паз е како Верон, само поместен 20 метри понапред. Носи голема вредност за Аргентина, која се обидува да се реизгради во ерата по Меси“, вели поранешниот аргентински репрезентативец.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Записи од српската еуфорија

Балканштина
2

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Балканштина
3

Кај ти текнуваат такви работи?

Забава
4

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

5

Свињите ѝ обезбедија енергетска независност на Данска

Занимливости
6

Ако викендов ви е лош, тешете се со Илон Маск

Разно
7

Кога жените ќе стивнат

Македонштина
8

Палмер Лаки планира град-држава среде океан

Технологија
1

Почнаа славите

Фудбал
2

Голеада за паметење во Бергамо, Елмас стрелец

Фудбал
3

Меси удри играч со топка во глава

Фудбал
4

Гери Невил шамари си маваше во студио

Фудбал
5

Како Ливерпул го прегази кутриот Манчестер Јунајтед

Фудбал
6

Нова ѕверска партија на Виктор Вембанјама

Кошарка
7

Луд кош со сирената, цела сала на Њујорк Никс во делириум

Кошарка
8

Т'га за Манчестер Јунајтед

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Македонштина

Некои протестираат против миграцијата, некој против војните...

Балканштина

Мали тајни на хрватските мајстори на заверите

Македонштина

Кога жените ќе стивнат

Балканштина

Вам ви гледале на кафе за овој проблем?

Балканштина

Маца за сообраќајот: Дај, дај, дај!

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ме радува што прасечките уши станаа хипстерска храна

Ова не ни текнало

Луѓето кои доаѓаат на културни настани само за да ќарат нешто гага

Чија глад задоволува невкусната медиумска храна

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy