Според податоците на Светската здравствена организација, на дури 56% од Романците не им е достапна здрава храна секој ден.
На другиот крај на оваа прехранбена статистика се Швајцарија, Холандија и Белгија каде тој процент е само еден, а блиску се и Франција и Австрија.
Македонија е со 19% а Грција и Словачка со 18% население на кое здравата храна, која обично е поскапа, не можат да си ја дозволат.
Тој параметар не секогаш директно е поврзан со парите и куповната моќ. Хрватска, на пример, полошо стои од Србија, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.
Како што знаете, нездравата исхрана води до прекумерна тежина и придружни здравствени проблеми. Откако „ги решија“ пушачите, веројатно ќе се тргне кон дебелите пошто ги коштаат здравствените и други фондови.
Интересни се проценките за во иднина: до 2030 година, најмногу дебели деца ќе има во Хрватска, Турција и Унгарија кои ќе имаат по 19% „машала“, на возраст од 5 до 19 години.