- Официјален Вашингтон соопшти дека Бенјамин Нетанјаху се согласил со нивниот план за прекин на огнот кој бил координиран и со францускиот претседател Макрон.
- Прекинот требаше да трае 21 ден и да отвори простор за запирање на конфликтите со Хезболах во Либан и Хамас во Газа.
- Уште во авион за Њујорк, израелскиот премиер врати дека Бајден и Макрон нешто не го разбрале и порача дека ќе продолжи со сите сили да мава по Хезболах и Хамас.
- Деновиве САД се обврзаа за нови 8,7 милијарди долари воена помош за Израел.
- „Цела цивилизација ќе умре вечерва, за никогаш повеќе да не се врати. Не сакам тоа да се случи, но веројатно ќе се случи“, порача Доналд Трамп во безумна закана за уништување на Иран.
- Тој цврсто стои до ултиматумот што му постави на Техеран до вечер во 20 часот според американско време да го деблокира Ормускиот Теснец. Ако не, ќе нареди „пеколни“ напади кои „ќе го вратат Иран во Камено доба“.
- Трамп отворено се закани дека ќе ги уништи мостовите, енергетските постројки и централите за десалинизација, што би оставило десетици милиони Иранци без струја и вода. Тоа, според сите критериуми е воено злосторство насочено против цивили.
- Трамп остави мал простор да ги откаже нападите во последен час, како и во претходниот ултиматум до Техеран пред две недели: „Сепак, сега кога имаме целосна и тотална промена на режимот, каде што преовладуваат различни, попаметни и помалку радикализирани умови, можеби може да се случи нешто револуционерно прекрасно, Кој знае?“.
- И самиот дава одговор: „Ќе дознаеме вечерва, еден од најважните моменти во долгата и сложена историја на светот. 47 години изнудување, корупција и смрт конечно ќе завршат. Бог да го благослови великиот народ на Иран!“.