Организатор на конференцијата за храна и оваа година беше Колор Медиа, а Млекара Здравје Радово како водечка македонска компанија активно се приклучи и даде поддршка на настанот посветен на добрите и здрави вкусови. На Food Talk конференцијата се дебатираше за храната, за добрите и за лошите навики во исхраната, виното, за кулинарските тајни, за традиционалните квалитетни македонски млечни производи, додека истовремено на штандовите во „Електра гарден“ се приготвуваа, се дегустираа и се служеа многубројни специјалитети, од месни и од млечни производи, сирења, кашкавали, пудинзи, слатки и торти. Млекара Здравје Радово вршеше дегустација и запознавање на процесот на изработка на своите врврни сирења и кашкавали и за значењето на млекото во редовната и балансирана исхрана. На петте специјално организирани панел дискусии учество земаа и многу познати јавни чиности од земјава. Млекара Здравје Радово со паролата Да уживаме, но и да дебатираме за храната дава активна поддршка на ваквиот тип на конференции, кои и самата ќе ги иницира во иднина, за да консументите на млечните производи секогаш ќе може за себе да го одберат најквалитетниот млечен производ, изработен од строго контролирано и внимателно одбрано 100% млеко од Македонија.
(комерцијален текст)