Cammeo taxi го вози цело Скопје 3 дена гратис – Интервју со м-р Стефан Николиќ, извршен директор на Cammeo група Mакедонија

CAMMEO – Најдоброто такси во регионот започнува со превоз на патници во Скопје

Стефан Николиќ е Извршен Директор на Cammeo Група Македонија, кој доаѓа на оваа позиција од висока менаџерска функција од Банкарскиот Сектор, при што, со амбициозен план и дефинирана стратегија, како и know how и поддршка од Cammeo Групацијата која работи во 5 држави и повеќе од 40 градови, верува во целосен успех на Cammeo на Македонскиот пазар.

Имајќи ја предвид неговата посветеност за остварување на поставените цели, како и неговите професионални квалитети, сигурен е дека Cammeo ќе биде компанија од која граѓаните со задоволство ќе ги користат услугите за превоз, но и во која луѓето ќе сакаат да се вработат, затоа што Cammeo е креиран според високи европски корпоративни стандарди по принципот „од луѓе за луѓе“. Со Cammeo, европскиот квалитет на давање на услуги во такси дејноста преку понуда на еколошки, поволен, достапен, квалитетен и безбеден превоз, како и европските услови за работа и корпоративната култура ќе ги донесеме овде – вели Стефан Николиќ.

Cammeo ќе биде компанија во која клиентите ќе уживаат во користењето на Cammeo услугите, а луѓето ќе сакаат да се вработат.

Кога започнувате со оперативно работење?

Стефан Николиќ: Одбројуваме и со нетрпение очекуваме да започнеме со оперативно работење и одблизу да се запознаеме со граѓаните на Скопје и сите останати граѓани кои доаѓаат во главниот град со цел да им понудиме најдобри услуги и најквалитетен превоз по најповолни цени. Веруваме дека нашиот квалитет и високите стандарди кои што ги имаме поставено на ниво на цела Групација како единствена такси компанија во ЕУ со ISO 9001 сертификат, ќе донесат нова димензија и нов квалитет во такси превозот во Скопје како што доликува за една метропола.

Официјално нашиот почеток ќе биде во четврток на 20.08.2020 година, при што цели три дена од 20.08.2020 година од 09 часот и 30 минути до 23.08.2020 година до 06 часот, CAMMEO TAXI ЌЕ ГО ВОЗИ ГРАТИС ЦЕЛО СКОПЈЕ, односно нема да наплатува за дадените услуги во висина од 200 денари по возење во рамките на градот.

Затоа, ги повикувам и поканувам сите граѓани на Скопје заедно да започнеме една успешна приказна во која тие ќе уживаат во користењето на нашите услуги, а ние ќе направиме се да бидат задоволни со превозот до нивната дестинација на најдобар и најквалитетен начин - вели Стефан Николиќ.

Cammeo започнува со превоз на патници во четврток на 20.08.2020 година, при што, цели три дена ќе го вози гратис цело Скопје

Како може корисниците да ги нарачаат вашите услуги?

Стефан Николиќ: 15 777 е бројот на кој што може да не добијат корисниците на нашите услуги каде што 24 часа секој ден во годината нашиот Call centеr тим стои на располагање за сите наши клиенти и е подготвен да одговори на сите нивни барања и да ги опслужи на најбрз и најпрофесионален начин. Исто така, функционален е и телефонскиот број 02/2 777 666 кој генерално е наменет за корисници на нашите услуги кои доаѓаат од странство, а кои со нивните телефонски броеви не можат да го повикаат нашиот специјален скратен број. Сепак, наша најголема компаративна предност и наша најкористена алатка за нарачка на такси услуга и возила е постоечката подобрена апликација која всушност нуди многу можности и тоа: од нарачка на возило, промена на дестинација во текот на возењето, до оценка на возачот и директно плаќање преку самата апликација.

Затоа, им препорачувам на сите наши потенцијални клиенти да ја симнат Cammeo апликацијата и да уживаат во нејзините придобивки и можности и да нарачаат возилo и услуга на најпрактичен и најзабавен начин.

Повикајте 15 777 или нарачајте возило директно преку мулти функционалната Cammeo апликација - симни апликација на Android:https://goo.gl/gtozU5 и iOS:https://goo.gl/MPtXIM    

Cammeo ќе биде првото зелено такси во град Скопје – што значи тоа за неговите жители?

Стефан Николиќ: Cammeo како водечки такси превозник во овој дел од Европа, од 2006-та година континуирано поставува високи стандарди во секој аспект на своето работење, па така и од аспект на еколошката свест и заштита на животната средина.

Во таа насока, токму Cammeo ќе биде првото и единствено ,,зелено‘‘, односно еколошко такси на улиците на Скопје. Имено, на ниво на цела Cammeo групација, покрај тоа што сите наши возила се нови, истите возат на плин (LPG) кој е еколошки прифатлив. На македонскиот пазар, такси возилата на Cammeo ќе возат на енергетски многу поефикасниот гас метан (CNG), кој, по електричната енергија е еколошки најприфатливо погонско гориво. Со оглед на тоа што Скопје спаѓа во редот на најзагадените градови, Cammeo порачува дека токму неговите ,,зелени‘‘ такси возила ќе придонесат како во подобрување на квалитетот на воздухот, така и во квалитетот на животот во градот генерално.

Притоа, Cammeo нема да запре тука од аспект на заштита на животната средина, туку напротив, веќе постигна електрификација на флотата во Словенија како пилот проект, при што таквата пракса планираме во блиска иднина да ја спроведеме во сите земји каде што Cammeo работи, а со крајна цел да постигнеме нула емисија на загадување и здрава животна средина. Според тоа, Cammeo е високо општествена одговорна компанија со која сите заедно ќе се „возиме зелено“ за наша подобра и „зелена иднина“.

Cammeo ќе биде првото и единствено ,,зелено‘‘ - еколошко такси на улиците на Скопје

Ќе понудите услуга на сосема ново ниво – кои ќе бидат придобивките за клиентите?

Стефан Николиќ: Услугата за превоз на Cammeo се води од слоганот кој гласи:,,Каде и да одиш, ние одиме во твојот правец‘‘.

Ние нудиме, најдобар и најсигурен такси превоз кој ќе можат да го користат жителите на Скопје и нивните гости, 24 часа дневно, 7 дена во неделата.

Нови возила, униформирани и професионални возачи со сертифицирана обука во Cammeo Aкадемијата, највисоки стандарди од аспект на хигиена и чистота во возилата, како и највисок степен на безбедносна и здравствена заштита за клиентите, но и за возачите, се наша карактеристика и поставен стандард за квалитет, но и постојан приоритет. Cammeo вработува возачи со почетна загарантирана нето плата од 400 евра и бонуси за остварувања и инвестира во нивната едукација и лиценцираност, при што креира вистински професионалци подготвени за давање на најдобра услуга на патниците.

Во услови на Covid 19 вирусната пандемија, сите наши возила на ниво на цела групација имаат прегради кои го одделуваат возачкиот од патничкиот простор во возилата, при што, покрај постојаната дезинфекција и перење на возилото, можноста за пренос на вируси е сведена на минимум, а степенот на заштита на нашите патници и возачи е највисок. Со тоа, Cammeo ќе биде првото такси во Скопје во кое здравјето на патниците и вработените е приоритет и на тој начин ќе го олесни животот на сограѓаните во овие ново настанати корона услови.

За нашите патници покрај можноста да се нарача услуга преку Call center-от и преку Cammeo апликацијата на iOS и Android смарт телефони, нудиме и бројни погодности, како што се плаќање со картичка преку Pos terminal-и, плаќање преку нашата апликација со поврзување на нивните платежни картички (Card on file) или со паричните средства на нивниот account во самата апликација, што ќе им го направи возењето безгрижно и уште поудобно.

Покрај тоа, ќе понудиме најповолен и најквалитетен Корпоративен Бизнис ВИП превоз за сите правни лица кои имаат потреба од таква услуга, но и превоз на деца врз основа на договор и согласност од нивните родители.

Нови возила, униформирани и професионални возачи, највисоки стандарди од аспект на хигиена, како и највисок степен на безбедносна и здравствена заштита за клиентите и возачите се стандард и постојан приоритет за Cammeo.

Какви се идните планови на Cammeo за македонскиот пазар и генерално за соседните земји од регионот?

Стефан Николиќ: Во моментов наша примарна цел е градот Скопје и постепен раст на нашето пазарано учество во дејноста во него, а во блиска иднина постепено ќе ги понудиме нашите услуги и во останатите поголеми македонски градови директно или индиректно преку програмата Cammeo Partner.

Под лидерство и со визија на г-дин Владимир Миновски - сопственикот, основач и CEO на цела Cammeo Групација,  Cammeо денес не е само такси превозник, туку нуди и широк спектар на услуги на пазарот и тоа: од урбан градски, меѓуградски и меѓудржавен превоз, корпоративен превоз, премиум превоз за ВИП личности, продажба на франшиза, развој и продажба на IT софтвер и познатата Taxi Navigator платформа која ја користат повеќе од 13 000 такси возила во светот од Катар до Германија, до продажба на маркетингшки простор на возилата, но и во самите возила.

Cammeo е компанија со целосно дигитализирани и автоматизирани деловни процеси, кои резултираат со оптимизирано работење и увид во аналитички извештаи и бази на податоци во живо, што води до висока продуктивност и ефикасност, а со тоа и подобра услуга за нашите клиенти. 

Со долгорочна стратегија и сигурен и стабилен раст, Cammeo покрај понуда на услуги во главниот град, во блиска иднина постепено ќе ги понуди своите услуги и во останатите поголеми македонски градови, а подоцна и во соседните земји од регионот.

За крај што ќе им порачате на граѓаните на Скопје?

Стефан Николиќ: Ни преставува огромна чест и задоволство да ви ги понудиме нашите услуги и да станеме дел од вашето секојдневие, а такси превозот со нас да стане достапен како вода што е и наша основна цел.

Cammeo постои од Вас и за Вас и наша најголема награда и сатисфакција е да имаме задоволни клиенти и заедно со нив да создадеме едно големо Cammeo семејство.

Од 20.08 (четврток) нарачајте услуга преку нашиот специјален број 15 777 или нашата Cammeo Апликација, а ние со нетрпение очекуваме да се запознаеме со Вас и да постигнеме „љубов на прв поглед“ меѓу нас. Cammeo тимот ќе направи се да пружи најдобра услуга и да има задоволни патници и клиенти.

За сите наши патници ќе има многу изненадувања и поволности, но за сега не би откривал премногу, а за да ги дознаете први сите Cammeo информации и акции следете не на нашата web страна: cammeo.mk или на нашиот Facebook page: Тaxi Cammeo – mk.

Каде и да одите Cammeo секогаш оди во вашиот правец.

(комерцијален текст)

17 август 2020 - 14:00