ЕУ по ново сака сите провајдери на услуги за електронска пошта, чат и пораки, целосно автоматски да ги прегледуваат сите пораки што минуваат преку нивните сервиси и сомнителните меѓу нив да ги препраќаат до полицијата како дел од борбата против детската порнографија. Како концепт ова е речиси идентично на она што го бараше Епл под истото оправдание.
Ваквиот закон предвидува масовно мониторирање и скенирање на комуникацијата на сите граѓани и жители на ЕУ дури и кога имаат активирано енкрипција.
„Шпионскиот напад врз нашите приватни пораки и фотографии од алгоритми склони на грешки е џиновски чекор кон кинески тип на следење од државата.
Дали следниот чекор ќе биде поштата да ги отвора сите писма и да ги скенира?
Организираните групи за детска порнографија не користат меил или месинџер сервиси, туку даркнет форуми.
Со планот да се уништи безбедната енкрипција, ЕУ Комисијата ја загрозува севкупната безбедност на нашите приватни комуникации и јавни мрежи, трговски и државни тајни се ставени во опасност за да се задоволат краткорочните желби за присмотра.
Отворањето на вратата за странски разузнавачки служби и хакери е комплетно неодговорно.
За да се запре контролата на пораките, интернет заедницата мора да излезе на барикадите!,“ порачал активистот и европратеник од Пиратската партија, др. Патрик Брејер.