Речиси половина од 1,8-те милиони работници во рестораните за брза храна, минатата година морале да користат социјална помош за да преживеат. Тие добиле 1,9 милијарди долари во даночни олеснувања, 1 милијарда долари во купони за храна и 3,9 милијарди долари преку различни програми за здравствено осигурување.
Паралелно со ова, за минатата година 7-те најголеми компании за брза храна кои се излезени на берза имале профит од 7,4 милијарди долари, плус на своите директори им исплатиле 53 милиони долари за плати, а на акционерите дивиденди од 7,7 милијарди долари.
Изминатиот период битката е меѓу компаниите за брза храна и синдикатите кои бараат зголемување на минималната плата на вработените во фаст-фуд индустријата од 7,25 долари на час на 15 долари.