Со кеш е поевтино

Компаниите што ги издаваат кредитните картички ќе треба да платат над 7 милијарди долари, затоа што не можат да се решат кој е подобро да им зема пари на потрошувачите.

Виза, Мастер Кард и неколку големи банки, го изгубија судскиот спор против трговците, кои бараа од кредитните компании да дозволат да им наплаќаат екстра на купувачите што користат кредитни картички наместо готовина.

По оваа основа, трговците ќе добијат оштета од 6 милијарди долари, а ќе треба да се платат и давачки во износ од 1,2 милијарди долари. Виза ќе треба да плати 67% од сумата.

Пресудата значи дека трговците наскоро ќе може да ви наплатат поскапо ако плаќате со кредитна картичка, отколку што би платиле во готовина.

Американ Експрес и Дискавер картиците не се дел од тужбата бидејќи тие им дозволуваат на трговците да наплаќаат екстра ако некој користи картичка. Но оваа опција до сега не можеше да биде искористена, бидејќи во договорите со трговците стоеше дека е дозволено да се наплаќа екстра, само ако тоа го прават и со картичките на конкурентите.

14 јули 2012 - 15:11