Прво и основно тој го препорачува правилото "една година." Односно првата година да не го менуваат животниот стил, да не купуваат нова кола, нова куќа или да најдат швалерка. Џејмс смета дека една година е доволно време за човек да се навикне и да биде комотен со богатството. Според него, кога човек ќе почне да купува скапи работи, почнува да се менува и неговата перцепција на животот и може да почне да се однесува поглупаво.
Втора работа што ја препорачува се пријателите. Ова тој го дели на две точки, прво немој да им позајмуваш пари на стари пријатели, второ немој да брзаш да склопуваш нови пријателства. Како рецепт за да не ги изгубиш пријателите, тој препорачува најмување на финансиски советник, на кого ќе му ги препраќаш сите луѓе со некакви барања.
Во однос на инвестициите, Алтучер има две правила. Првото е "не инвестирај," бидејќи само што си направил еден куп пари и немаш потреба од брзање, а второто е правилото за "2%" според кое, ако бескрајно чувствуваш дека мора да инвестираш во нешто, немој да вложуваш повеќе од 2% од твоето богатство.
Алтучер ги потсетува милионерите дека во целта работа крајно важно е и нивното здравје. Според него, целиот стрес под кој си бил додека да ги направиш парите, може да биде фатален откако ќе се збогатиш, бидејќи твоето тело чека да те казни кога целиот стрес ќе заврши и кога ќе се опуштиш.
Претпоследното правило на Алтучер е "Пази да не прегориш." Иако до тогаш си се жртвувал и си дал се од себе, не можеш тука да престанеш. Треба и понатаму да ја оправдаш довербата и парите што другите ја вложиле во тебе.
Во случај сето ова да не успее, и на крај пак да имплодирате и се да изгубите, Алтучер ја препорачува т.н Дневна пракса, која е составена од физички, емотивен, ментален и духовен дел.