Информацијата за раскинувањето ја објави Порнхаб изјавувајќи дека се „ужаснати“ од одлуката со која се прекинува главната линија што ја користи за исплата на „моделите“.
Пејпал пак објаснува дека откриле дека „Порнхаб направил одредени бизнис плаќања преку Пејпал без да бара наша дозвола за тоа. Ние преземавме мерки за да го спречиме повторувањето на ваквите трансакции“. Во подоцнежно интервју од Пејпал објаснуваат дека под „бизнис плаќања“ станува збор за исплати на „изведувачи“.
Самите правила за користење на Пејпал забрануваат тој да биде користен за „одредени сексуално ориентирани материјали или услуги“, формулација доволно нејасна и општа, што му овозможува на сервисот да спроведува вакви одлуки.
Од Порнхаб објаснуваат дека со одлуката се погодени членовите на Модел програмата на Порнхаб, која им дозволува на поединци да качуваат сопствени видеа и да заработуваат дел од приходите од рекламите на овие видеа. Порнхаб веднаш им понудил други начини на исплата на „моделите“.
Пејпал минатата година беше воспеван од Порнхаб како клучна алтернатива на банките, од кои добар дел одбиваат да работат со сексуални работници.