Ставот на Кругман е дека на развиените економии им требаат исклучиво долгорочни фискални подесувања, додека штедењето е краткорочно.
Банкарите кои беа премногу спори во намалување на каматите како одговор на кризата, а потоа премногу брзо ги кренаа за време на закрепнувањето ги нарекува "садомонетаристи" кои уживаат во нанесување на економско страдање.
Во овие години Кругман закачна, ама па и му вратија, повеќе светски банкари и економисти. Имаше судир со шведската народна банка која ја обвини за "садомонетаризам". Заменик гувернерот имаше реплика на ова, ама на крај Кругман излезе во право.
Во 2013-та тој го обвини првиот човек на британската народна банка, дека неговата стратегија за штедење е како од бурлеска: пак и пак ја лупа економијата во ѕид, за на сите да им стане подобро кога ќе престане со удирањето.
Еден од најсериозните напади против Кругман доаѓа од Бен Стил, економист во Советот за надворешни односи од Њујорк. Тој го обвинува Кругман дека користи податоци кои наведуваат на погрешен заклучок. Конкретно примерот со коментарот на Кругман за Исланд, кога според Стил сите тврдења на колумнистот на Њујорк тајмс пропаѓаат ако само малку се мрдне периодот за кој се прави пресметката.
(Ако не ви се чита за економија, статијата вреди да се погледне чисто заради запрепастување колку они се станати добри во ова интернет медиумиве)