Колку плати заработува директорот во еден час?

Математиката е да се провери колку месеци му требаат на просечниот работник за да ја заработи сумата што неговиот ЦЕО заработува со еден час работа.

Така, парите што ЦЕО-то на МекДоналдс ќе ги добие за тоа што бил на работа од 8:00 до 9:00 на 2-ри јануари, просечниот работник во компанијата ќе ги заработи во рок од 7 месеци (без 2 дена).

Бројките ги собира Nerd Wallet (сајт за лични финансии), кој ги пресметува платите на 100 компании за продажба и брза храна. Потоа ги вади 10-те кои им плаќаат најмногу на своите ЦЕО-а. Од нив, најдрастична е разликата во Мекдоналдс. Меѓу десетте најмала е разликата во АТ&T, 3 месеци и 1 недела.

На ниво на држава, американските ЦЕО-a земаат 270 пати поголема плата отколку просечниот работник.

Еве како стојат работите:

 

14 декември 2013 - 13:51