Валмарт-ленд

Поклопувајќи се со извештајот за заработувачката на Валмарт за последново тромесечје (нето приходи од 4,02 милијарди долари) посебна популарност доби една мапа за растот на Валмарт од 1962-ра до 2006-та. Плева!

1962-ра, отворен првиот Волмарт во САД

Првиот Валмарт е отворен во Арказас во 1962-ра, дури две години подоцна го отвораат и вториот супермаркет. 1965-та го отвораат третиот, а во 66-та прават пауза. Во 1967-ма прв пат отвораат два супермаркети во иста година. 68-ма отвораат 5 супермаркети од кои 4 за прв пат надвор од Арканзас.

Во 1972-ра прославуваат 1 деценија постоење, истата година отвораат 17 супермаркети низ повеќе сојузни држави, со што на 10-годишнината имаат вкупно 52 локации.

1981-ва им е првата година кога отвораат над 100 супермаркети во една година. Во 1987-ма ја надминуваат границата од 1.000 супермаркети низ цел САД. 1990-та останува рекордна по бројот на нови супермаркети - 178 за една година.

Валмарт вработува вкупно 2,2 милиони луѓе, а вкупните приходи на компанијата се проценуваат на 447 милијарди долари.

 

18 август 2012 - 14:59