Поранешниот претседател на Анхусер-Буш за продажба и дистрибуција, Ансон Фрерик, објаснува дека вака нестандардното однесување што го гледаме од најодмерените и најпресметаните глобални корпорации се должи на левичарски инвестициски компании коi влегуваат во корпорацијата и вршат притисок таа да работи по нивна идеологија.
Фрерик како прво обвинети ги наведува инвестициските фондови Блекрок, Вангард и Стејт стрит, кои управуваат со капитал од околу 20.000 милијарди долари и ја користат оваа тежина за туркање на разбудената агенда.
Тој објаснува дека фондовите се директно притиснати од прогресивни политичари и членови на Конгресот кои ја имаат контролата врз државните пензиски фондови од кои инвестициските фондови имаат директен профит.
Пример, една од компаниите управува со пензискиот фонд на Калифорнија (кој е најголем во САД), па политичарите од Калифорнија можат директно да влијаат врз политиките и инвестирањето на таа компанија, и да притиснат за нејзино излегување од бизнисите со нафта или природен гас.
„Но тие исто така им кажуваат на Блекрок, Стејт стрит и Вангард дека ако сакаат да ги менаџираат парите од пензискиот фонд, мора да се посветат на работи како ЕСГ - разноликост, рамноправност и инклузивност - и на ниво на компанија да воведат правило дека за истото тоа ќе вршат притисок во сите компании од корпоративна Америка со кои работат,“ објаснува Фрерик.
Ова индиректно го објасни и ЦЕО-то на Блекрок, Лари Финк, кој на Диалбук самитот на Њујорк тајмс изјави дека „мора да присилиш одредено однесување“ кај компаниите ако сакаш да постигнеш нешто околу „родовите и расата“.