Богаташите што не веруваат во наследство

Уште на времето кога заработуваше по 100 милиони евра годишно, Шумахер беше познат по тоа дека на двете деца за трошење им дава по 2 евра неделно, не затоа што е шкрт, туку за да не ги расипе. Еве некои многу побогати луѓе кои ќе им остават многу помалку на своите деца.

Владимир Потањин, рускиот милијардер процент на околу 18 милијарди долари

Ворен Бафет, 85% од своето богатството вети дека ќе го даде во добротворни цели, од кои најголем дел за Фондацијата Гејтс. Тој не верува во семејно богатство, а оние кои израснале во изобилие ги нарекува "членови на клубот на среќни сперматозоиди."

Гејтс комплетно се согласува со Бафет, кога е во прашање семејното богатство. Бил и неговата сопруга половина од богатство го дадоа во својата фондација. Од десетиците милијарди долари, Гејтс на своите деца ќе им остави наследство од околу 10 милиони долари.

Владимир Потањин има мото: "Милион долари наследство ќе му помогне на човек да стекне добро образование, на мир да најде работа и да се пронајде себе си. Милијарда долари наследство, ќе го убие и ќе му ја одземе смислата на животот." Неговото богатство се проценува на 18 милијарди долари.

Ќерката на Данкан Бантајн е избришана од наследството на својот татко, затоа што ја фатил како пуши. Сега за сега. Бантајн редовно го полни фондот за своите деца, кои ќе можат да го користат само под одредени услови, а еден од нив е пристојно однесување(по кое и алкохолот исто така е забранет).

Ендру Карнеги, е инспирацијата за сите денешни добротвори. Тој уште во 1901-ва ја продаде компанијата U.S. Steel за тогаш незамисливи 492 милиони долари. Најголемиот дел од парите ги дал на библиотеки, професори и училишта. Неговата ќерка добила само 10% од неговото богатство.

Арон Спелинг пред да почине се проценуваше на околу 500 милиони долари. Во тестаментот на својата ќерка Тори (со која не зборуваше 9 месеци) и остави 800.000 долари.

Ју Пенгниан кинескиот богаташ кој се збогати тргувајќи со недвижнини, кога објави дека ги предава последните 500 милиони долари во добротворни цели на своите деца им порача: "Ако моите деца се способни тогаш не им требаат пари, ако не се, наследство само ќе им наштети."

Само неколку дена пред да изврши самоубиство, таткото на Тед Тарнер, Роберт Едвард Тарнер, реши да го продаде семејниот бизнис, бидејќи верувал дека "ако Тед ја фати компанијата, сигурно ќе ја уништи." Тед подоцна ја откупува компанијата со помош на својата мајка.

18 јуни 2012 - 11:29