Американската фудбалска репрезентација 4-та во свет

Единствено Швајцарија, Германија и Шпанија се пред САД... во однос на платата што му ја плаќаат на селекторот.

Клинсман, кој на 29 јули 2011-та стана 35-от селектор на САД, добива годишна плата од 1,88 милиони евра.

Пред Клинсман се Отмар Хицфилд, на кого Швајцарците му исплаќаат 2,6 милиони евра годишно, Јоаким Лeв кој како селектор на Германија заработува 2,3 милион евра годишно и Винсенте дел Боске кој за работата со шпанската репрезентација добива 2,1 милион евра годишно.

Рекордер меѓу селекторите останува Фабио Капело, кој додека ја водеше репрезентацијата на Англија, добиваше 7 милиони евра годишно.

Неодамна Франс Фудбал објави топ листа на најплатени клупски тренери. На првото место е Мурињо со 10 милиони евра годишно, по него се Гвардиола и Хидинг кои заработуваат по 7,5 милиони евра годишно. Хидинг е тренер на рускиот клуб Анжи Махачкала.

За феноменалното 102-ро место на ранг листата на ФИФА, селекторот на македонската фудбалска репрезентација заработува по 15.000 евра месечно.

24 март 2012 - 14:04