Таг: видео

Пеена наука

Хаи-Тинг Чин (Hai-Ting Chinn) , мецосопран од Њујорк, е позната по проекти кои истовремено ја промовираат класичната музика и науката. Еден од нив е пеење цитати од познати научници.

Која е „мајка Јана“, и зошто тиквите се шарени?

Eдна читателка ни прати клипче во кое Џорџ Карлин анализира секојдневни изреки од англискиот, кои според него баш и немаат некоја смисла. А што е со слични такви во македонскиот, кои извадени од контекст звучат не само неразбирливо, туку и смешно?

Хип-хоп како висока култура

Новиот спот за песната „Пикасо бејби" на Џеј-зи се снимаше оваа недела, во институција која не ви паѓа прва на памет кога станува збор за хип-хопот - Музејот на модерна уметност во Њујорк. Еве една анализа како би можел да биде протолкуван овој настан, и зошто тој е важен.

Интелектуални вицеви

Има хумор кој не функционира во различни култури, за кој треба да имате инсајдерско знаење за да го сфатите. Но таков има и кај различните професии - од историчари на уметност до компјутерски гикови - и тој служи како добра проверка на вашата општа култура.

Спилберг продуцира нова верзија на „Плодови на гневот“

Велат дека филмот на Џон Форд од 1940, правен според романот на Штајнбек, е една од најдобрите филмски адаптации на книжевни дела. Но Спилберг не се плаши од оваа квалификација, и воочи 75-годишнината од објавувањето на книгата ќе прави негов римејк.

Гангста книжевен аналитичар

Не дека го препорачуваме овој начин на „скратено" читање, ама па дечково има неодолива фаца, авторитативен глас, тетоважа и златен синџир - доволно елементи за издржано прераскажување на класични литературни дела.

Неореализам наспроти Холивуд

„Единствениот значаен проблем на филмската уметност сè повеќе станува зошто и како да се почне со снимање на некој кадар, и кога и зошто тој да се прекине", изјавил Жан-Лик Годар, најавувајќи ја ерата на холивудско касапење на филмовите.

Џезерот Иствуд

На отварањето на овогодишното издание на фестивалот Нишвил во Србија, на 15. август, на Клинт Иствуд ќе му биде врачена специјална награда за промоција на џез културата.

Д Учителка

Кога сите во основно би поминале низ ваква симулација на расизмот, во која според многу обичен клуч - бојата на очите - во една верзија би се почувствувале супериорно, а во другата како ѓубре, можеби светот би бил подобро место за живеење.

Хартијата од слама на Вуди Харелсон

Наводно влегуваме во нова ера, во која од хартија актуелна ќе остане само тоалетната. Но додека се случи ваквата промена, во светот заради производство на хартија годишно се сечат 4 милијарди дрвја. Еден холивудски актер има решение за проблемот.

„Хамсун" (1996)

Биографски филм за норвешкиот нобеловец, кој се обидува да ги разјасни контроверзите околу славниот писател, кој при крајот на животот, на 86 години, е обвинет за соработка со нацистите и ставен во лудница.

Со која музика би сакале да ве испратат?

На погребите на кои сум била само еднаш имало музика, и тоа онаква траурна, како да не било доволно мачно што и поводот за неа бил таков. Во други култури музиката која е дел од последното испраќање го слави животот и потсеќава на починатиот. На Задушница ве прашуваме - со која музика би сакале да заминете, ако веќе се мора?

Oва е вода!

Антологиски говор кој вреди да се прочита затоа што е моќен, како горчлива, но нужно потребна вистина. 

Мистеријата околу „Селинџер"

Џ. Д. Селинџер, авторот на „Ловец во р'жта", бил мистерија самиот по себе. Бегал од слава, се криел од фотографи и не давал интервјуа, а најверојатно напишал и повеќе отколку што е официјално познато. Еден нов документарец се обидува да го расветли неговиот живот, но по пат како и тој да заглавува во митот.

33 години CNN

Cable News Network неодамна наполни 33 години од своето постоење во кое 24/7 ги прави вестите глобални. Имаме избор на некои битни случувања фатени и обработени од екипите на оваа телевизија.

Холивудските ѕвезди за човековите права

На 28 август 1963, денот кога Мартин Лутер Кинг го одржал славниот говор „Јас имам сон", во Вашингтон неколкумина холивудски актери се собрале на округла маса. Ова е историска снимка на дискусијата која ја воделе.

Обредна пролетна сланина

Вчера, 29. мај, пишувавме за јубилејот, сто години од премиерата на контроверзниот балет на Стравински, и неговото влијание врз формирањето на модерната музика. Сега ви нудиме трибјут клипчиња базирани врз последната минута од делото. Некои од нив се навистина цепки.

Скандалот што ја промени историјата на музиката

На 29. мај 1913 новоотоворениот театар на Шанзелизе бил преполн. Но кога се зачуле првите ноти oд делото на тогаш малку познатиот руски композитор Игор Стравински, публиката почнала да се вознемирува. 

Концерт за бубачки и саксофон

Цикадите се вид инсекти на кои им требаат 17 години да минат од ларва до бубачка. Во САД оваа година се подготвија за наезда на овие прилично иритирачки суштества, кои се множат во милијарди. Но композиторот Дејвид Ротенберг решил нивната инвазија да ја искористи за - музика.

Почина Жорж Мустаки

Еден од најсаканите француски композитори и шансоњери почина на 79 години по долга болест.

Поп Хамлет

Има така некои класични книжевни ликови и дела, кои иако малкумина реално ги имаат читано, се вистински поп-икони. Еден од нив е сигурно е данскиот принц и неговата вековна дилема. Мешап од негови спомнувања во филмови и ТВ шоуа, а сигурно има и уште.

Манзарек после Дорс

Вчерашната вест за смртта на клавијатуристот и со-основач на Дорс, разжалости многумина. Но што всушност работел тој сите тие 40 години по распадот на групата? Еве некои од неговите проекти, кои главно останале во сферата на експерименталното и не го добиле заслуженото внимание.

Секојдневниот живот на порно актерките

„Ми се допаѓа тоа што го работиш" е нов документарец кој ги регистрира секојдневните животи на девет жени во тек на десет дена, додека тие снимаат лезбејски порно филм во Њујорк. Трае шест часа, а можете да го гледате онлајн за десет долари. Порака: и тие се само луѓе.