Таг: видео

12 правила за живот: антидот на хаосот

Kaко во свет во кој секојдневно се соочуваме со стресови да си помогнеме самите на себе, внесувајќи ред барем во нашиот внатрешен атар? Прво, колку и да звучи банално, со тоа што ќе се научиме да се држиме исправено - вели познат канадски психолог.

Нетфликс или проблемот на уметноста како „содржина“

Да речеме дека тука би можеле да кликнете на опција која ќе ве поштеди од читање на воведов. И тоа во случајов нема да биде страшно. Но прескокнувањето на најавни и одјавни шпици во филмови и серии значи не само непочитување на трудот на куп луѓе кои се измачиле тие да бидат интегрални делови од доживувањето, туку и третирање на уметноста како потрошувачка „содржина“ која треба да се проголта што побргу и поефикасно. 

2018 и понатаму: како ќе се развива музиката во иднина?

Иако она што секој од нас го подразбира под „добра“ музика веројатно нема да се смени, технологијата ќе направи (како што веќе прави) да се сменат многу работи околу она „музика“. Еве неколку од начините на кои ќе треба да се навикнеме. Или не.

Што всушност прават диригентите?

Секој кој бил макар на еден оркестарски концерт во животот го знае оној момент на тишина пред на сцената да излезе диригентот, кој како генерал на музичката војска го одредува протоколот, но и квалитетот на изведбата. За многумина неговото (или нејзиното) присуство на сцената со палка во раката е мистерија.

Букбокс гледаше: „Исончаност“ (Suntan, 2016)

Грчки филм, кој неправедно е класифициран како комедија. Во него нема речиси ништо смешно - се работи за мрачна драма, која иако почнува лефтерно, полека но сигурно преминува во мачнина. И тоа не затоа што филмот е лош, напротив, затоа што е многу добар.

Приказната за „францускиот Елвис“

Рок ѕвездата Џони Халидеј (или Алидè, како што се изговара на француски), кој почина на возраст од 74 години од рак на бели дробови, е најуспешниот музичар во историјата на Франција. И покрај феноменалниот успех во својата земја, малкумина го знаеа вон неа.

Зошто користиме деминутиви за работите што ни се мили?

Светот е огромно, физички и ментално несовладливо пространство, кое често нè фрустрира. Оттаму, не е ни чудо што од време-на време сакаме да се утешиме со негова „минијатуризација“.

„Сосема ново Свето писмо“ (Le tout nouveau testament, 2015)

Kуп претходни филмови кокетирале со верска сатира, Го замислувале и Го карикирале, и низ смеа поставувале заебани животни прашања. Ама заборавете го Брус Олмајти, за него семожниот Бог од овој филм е - Господ!

Британец кој денес живее во 1946-та

Зошто токму оваа година не ни е сосема јасно, но 35-годишен Британец живее како да е уште во првата половина на минатиот век. И, за чудо, не изгледа ич лошо.

„Средиштето нема да издржи“ (The Center Will Not Hold, 2017)

Документарен филм за Џоан Дидион, денес 82 годишна, сè уште луцидна старица, некогаш тигрица во светот на „новото новинарство“, која своите животни премрежја ги претвори во инспиративна приказна.  

Нотата која до сега не била испеана во Метрополитен опера

Се слушала само дел од секунда, речиси незабележливо за дело кое трае два часа. Притоа не се скршил ниту еден прозорец. Но колку и да траела кратко, оваа нота не е испеана претходно во 137 години долгата историја на Мет.

„Уште еднаш со чувство“ (One More Time With a Feeling, 2016)

Има еден момент во овој тежок но убав документарец, снимен откако Кејв го загуби синот Артур, во кој тој зборува за „еластичноста“ на времето по доживеана траума. Како да си врзан со гумена лента за трауматичното искуство, ја влечеш како што Сизиф го туркал каменот, но колку и да успеваш да се оддалечиш од него, во еден миг снеможуваш и лентата те катапултира назад. И потоа, од почеток. Филмот, и албумот на чиешто снимање е посветен, е такво ризично играње со катапултот на емоциите, при што секој си ја влече својата лента.

„Човекот-делфин“ (2017)

Нов документарец за човекот кого го памтиме од „Големото синило“ на Бесон - нуркачот Жак Мајол, кој наскоро ќе биде прикажан во рамки на Македокс и во Македонија. 

Kраток филм за погребувањето

Како е да знаеш дека официјално си најдобриот копач на гробови? Не се опишува со зборови, велат победниците на овој необичен натпревар.

Почина Фетс Домино, рокенрол легенда

Неговиот буги-вуги пијано стил помогна во воспоставувањето на раниот рокенрол од 1950-тите. Од него велат бил поголем единствено Елвис Присли.

„Проектот Ним“ (2011)

Документарец кој го следи животот и делото на шимпанзо по име Ним Чимпски, кој заради научен проект е растен како човечко дете. На крајот од мачната приказна излегува дека таа е повеќе за луѓето околу него, кои се вистинските „мајмуни“.

Речник на зборови за различни видови таги

А зошто на волку убав ден би пишувале за таги? За да се подготвиме за доаѓањето на вистинската есен.

Прв филм направен од масла на платно

100 уметници од цел свет ги создавале 66-те илјади слики кои го сочинуваат филмот посветен на холандскиот сликар. Доколку би биле поставени физички во просторот, тие би зафаќале територија колку цел Лондон и Менхетен заедно.

„Големи мали лаги“ (Big Little Lies, мини-серија, 2017)

Тоа дека серијава е за група богати американски мајки и нивните проблеми сигурно не е баш некоја реклама за неа. Но под површината на совршениот свет на Монтереј, Калифорнија, лежат куп трауми, тензии и лаги чие разоткривање е и болно и катарзично. Особено со таков актерски кастинг и со таква музика.

Каде е, што прави Теренс Трент Д’Арби?

Новите генерации тешко дека го знаат, но ние го памтиме по неговиот одличен деби албум од 1987, кога беше прогласен за конкурент на Мајкл Џексон и Принс. Потоа ѕвездата како да му згасна. За неколку денови издава нов албум, под новото име, Сананда Маитреја. 

Казуо Ишигуро - џезерот што доби Нобел за литература

Во текстот кој го објавивме во пресрет на прогласувањето, во кој се предвидуваат можните потенцијални добитници на годинешнава Нобелова за литература, и покрај големиот број спомнати имиња, едно фали. Она на авторот кој денес се закити со ова високо признание.

Исчезнувањето на добрите воведи во песни

Знаете она кога песната почнува тивко, се гради мелодија, па дури по добри дваесетина секунди (во порадикални случаи и повеќе) ќе го чуеш вокалот. Од кога немаме слушнато ваква нова песна?

Видео игрите како алатка за заштита на културното наследство

Во последно време се развива посебна врска помеѓу древните, а помалку познати култури на светот и поновите облици на раскажувањето приказни - видео игрите.