Една од таквите видео игри, „Никогаш сам“, го популаризираше трендот преку соработка и претставување на народот Инупјак од Аљаска, а заради зачувување на нивната култура и свртување внимание кон нивните древни приказни.
Најновата во ваквата серија напори за дигитално културно промовирање е Мулака, „инди“ игра од мексиканското студио Лиенцо. Се работи за 3Д акција-авантура која содржи загатки, а се однесува на домородната култура на племето Тарахумара од оваа земја (претходно за нив пишувавме во освртот за книгата „Родени за трчање: скриено племе, суператлети и најголемата трка која светот ја неа видено“)
Во играта вие сте Сукуруаме (тарахумарски шаман) кој својата моќ ја црпи од полубоговите и физички се претвора во нив. Така се запознаваме на пример со Кумекокари, полубог во форма на таканаречен царски клукајдрвец, кој овозможува претворање во птица кога и да е тоа потребно. Главната цел на играта е убедување на повисоките богови - како месечината и сонцето - да не ја уништат земјата.
Идејата на креаторите на играта не е само зачувување на културата туку и еколошка свесност - царскиот клукајдрвец, на пример, е веќе исчезнат како вид. Истовремено преку некои од дијалозите се промовира и јазикот на Тарахумарите, кои се невидливи“ дури и за нивните непосредни
соседи. На овој начин им се овозможува „холивудски третман“, исто како што често се прави со грчката или нордиската митологија, а секако и со јапонските легенди, преку самураите и нинџите.
Играта се развива веќе три години, а ќе биде официјално издадне во 2018 за Нинтендо Свич, ПС4, Иксбокс Уан и Стим.