Европската куќа на фудбалот сè уште не се огласи во врска со инцидентот за време на квалификацискиот натпревар меѓу Србија и Албанија во Белград. Покрај парични казни за двете страни, можна е и суспензија на стадионите, како и одземање на бодови во квалификационата група.