Тренерите ѕвезди и талентите во младинската ЛШ

Новата сезона во најквалитетното европско клупско натпреварување ќе биде историска. Од оваа сезона стартуваше и младинската Лига на шампиони односно УЕФА младинска лига (UEFA Youth League) во која за сега главни ѕвезди се тренерите.

Со почетокот на Лигата на шампиони, стартуваше и натпреварувањето со ист формат на кое ќе се натпреваруваат играчи до 19 години од сите најдобри клубови во Европа.

Форматот е ист со елитното натпреварување. Младите екипи ќе патуваат заедно со првите тимови, но натпреварите ќе се одигруваат во порани термини и на други стадиони. По групната фаза следуваат четири нокаут рунди, а финалето ќе се одигра во Нион.

Вљубениците во фудбалот ќе можат да ги видат талентите кои наскоро ќе блескаат на терените низ Европа, а до тогаш главни ѕвезди ќе бидат нивните тренери.

Најпознато име е Филипо Инзаги кој е тренер на младинскиот тим на Милан. Младинците на Манчестер Сити ги предводи Патрик Виеира, на клупата на Манчестер Сити е Ники Бат, а надежите на Реал Мадрид ги предводи поранешниот дефанзивец Луис Мигел.

На отворањето на УЕФА младинската лига беа постигнати следните резултати:

Манчестер Јунајтед - Баер Леверкузен 4:3
Реал Сосиедад - Шахтар Доњецк 3:2
Копенхаген - Јувентус 2:2
Галатасарај - Реал Мадрид 1:1
Бенфика - Андерлехт 3:0
Виториа Плзен - Манчестер Сити 1:4
Баерн Минхен - ЦСКА Москва 0:2
Барселона - Ајакс 4:1


18 септември 2013 - 08:40