За сега само е идеја, но штом доаѓа од претседателот на УЕФА, тогаш може наскоро да стане и реалност.
„Би го променил сегашниот систем за картони и би вовел правилник сличен на оној кој постои во рагбито каде играчите би се казнувале на 10 или 15 минути", изјави Платини во интервју за шпански АС.
Според Платини, на овој начин повеќе ќе профитира противничката екипа на натпреварот на кој што е исклучен играчот наместо да се „наградува" тимот кој е следен противник.
Платини додаде дека голманот кој направил фаул за пенал не треба да добива црвен картон затоа што пеналот е доволна казна.