Во четврток е седмиот роденден на Твитер, еве неколку работи на оваа тема заради кои е прилично чудно што платформата воопшто го дочекала првиот роденден и која улога ја има денес.
Вчера (19.02) Ник Кејв одговараше на прашања на Твитер како дел од промотивната кампања за новиот албум Push the Sky Away. Како и секогаш мудар, со смисла за хумор, и (му личи на годините) по малку ироничен.
По некое време зјапање во сајтот на Tweetping добиваш чувство како да го гледаш светот како се буди и како си легнува. Сервисот ги следи сите твитови објавени низ цел свет и ги означува со по една точка. Утрово, по 15 минути гледање на сајтот Европа и Азија блештеа, потоа почна полека да се буди и западниот брег на САД.
Нешто слично како што по телевизииве врие од најразлични експерти на секакви теми, така и на Твитер над 180 илјади корисници себе се опишуваат како: ветерани, господари, воини, евангелисти и слични форми на експерти на тема Твитер.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд ги испровоцира фудбалските фанови од кои преку својот Твитер профил побара да го жалат затоа што новогодишната ноќ ја поминува во хотел.
Еден од Твитер феномените е објавување на постхумни твитови - цитати од славни автори. Во популарноста особено предничи еден мрчатор меѓу филозофите, кој успева кратко и јасно да го зипува она што другите не успеваат да го кажат ни во цели книги.
Тоа дека група луѓе кои претходно не се познавале можат да направат нешто убаво, корисно и некому потребно, немотивирани од ништо друго освен од добрата мисла, е нешто кое прави да веруваме дека светот можеби и не го заслужува крајот кој му се најавува од време на време.
Ватикан и официјално го претстави личниот Твитер акаунт на папата Бенедикт XVI-ти. Уште нема ништо твитнато а веќе има повеќе следбеници од тебе и сите што ги знаеш, заедно.
После првата ноќ од нападите на Израел врз Газа, на Твитер се појави фотографија од 11-месечно бебе кое беше убиено од израелски проектил. Неколку часа подоцна се појави фотографија од уште едно бебе, овој рането девојче од Израел. Војната почна и на Твитер.
Тинејџер пиша невкусен коментар на Твитер, друг навреди војници на Фејсбук, трет објави фотографија од запалена булка од хартија. Што ги спојува? Сите тројца се уапсени.
Џефри Чосер, познат како „татко на англиската литература", најголем англиски поет на средниот век, алхемичар, астроном и дипломат, е заслужен и за еден збор, кој 612 години по неговата смрт добива малку поинакво значење од она кое тој го имал на ум.
Португалецот кој вечерва ќе го прослави својот јубилеен 100-ти натпревар за националниот тим, стана првиот спортист кој собра над 50 милиони фанови на Фејсбук, а во исто време е и најпопуларен спортски „бренд" на Твитер.
Гардијан покани познати британски автори да напишат цел роман во 140 карактери. Резултатот? Па, иако е тешко да се наречат „романи“, некои се навистина добри, заокружени приказни. Пробајте и сами на #твитерфикција.
Апликација која проверува колку од луѓето што ве следат (вас или некој друг) на Твитер, се вистински, колку се ботови а колку од нив воопшто не се активни.
Предилинденски и скроз недругарски, парното поскапе, струјата скокна за 10%, плус дневната ефтина отиде во неповрат. Дел од реакции на Твитер околу целата работа.
После твитови и твитови со недокажани зборови и скратени карактери, Твитер реши да дозволи над 140 карактери по твит, ама не баш вие како што очекувавте.