Фалбаџијата Чопра принуден да го избрише Твитер акаунтот

Фудбалерот на Ипсвич, Мајкл Чопра го избриша својот акаунт на Твитер откако беше критикуван за објавената слика од вреќа полна пари.

Поранешниот фудбалер на Њукасл и Сандерленд, а сега член на Ипсвич, Мајкл Чопра пропушти еден дел од минатата сезона затоа што мораше да посети клиника за лечење на неговата зависност од коцкање. Тој дури беше принуден и да позајми 250.000 фунти од својот клуб за да ги плати долговите, а во 2011-та година откри дека неговата зависност го чинела 2 милиони фунти.

Англиската јавност веќе долго време шпекулира дека тој повторно е во долгови и нема пари, по што тој сакаше да ги демантира со една слика. На својот Твитер профил тој објави слика од вреќа полна со пари и пораката „Вие и понатаму твитајте дека сум во долгови".

Сепак, неговите 15.000 следбеници не ја прифатија оваа фотографија многу позитивно и само по неколку часа Чопра го избриша акаунтот.

8 февруари 2013 - 15:07