Сампдорија, сезона 1995/1996: Свен Горан Ериксон, Роберто Манчини, Кристијан Карембе, Кларенс Сидорф и Синиша Михајловиќ. Па па па, какво сликиште е ова. Признајте дека сте немале појма за оваа збирштина на легенди во Сампдорија.
Андреа Белоти дава голови со лева, со десна и со глава, и на тој начин е покомплетен дури и од центарфорите кои спаѓаат во категоријата најдобри на светот. Во моментов е прв стрелец во Серија А, а во Европа пред него се само Меси и Кавани.
Откако српскиот стратег кој сезонава одлично го води Торино, зборуваше за актуелни фудбалски теми и неодамнешни случувања во Милан, еве го повторно со ново занимливо интервју во италијанскиот печат во кое се навраќа и на војната во Југославија.
Со авторитетот кој се вика Силвио Берлускони за кој познато е дека им наложуваше на тренерите кој треба да игра во прв состав, успеал на свој начин да се избори српскиот стратег кој смета дека 29 од 30 години бил најдобар газда во свет на сите времиња.
Торино под водство на Синиша Мијахловиќ го декласираше Каљари со 5-1, а пред мечот шоу правеше претседателот на клубот кој се сликаше качен на маскотата бик.
За Синиша Михајловиќ уште од играчките денови знаевме дека има незгоден карактер и дека кога ќе збесне поради некоја судиска одлука, црвениот картон му беше неизбежен. Таков е и денес како тренер. Во Серија А добил дури осум црвени картони како тренер.
Стратегот на Торино побара од Џо Харт на пресот да се обиде да зборува на италијански, но овој се укочи и продолжи на англиски. Потоа Синиша Михајловиќ удри на хумор со новинарите: Не ве гледам дека запишувате забелешки. Ти на пример правиш финта демек пишуваш, а уствари правиш список што треба да пазариш. А инаку добро зборуба Харт англиски нели?
Многу тренери кои во моментов се дел од италијанско првенство се поранешни фудбалери, освен Сари од Наполи. Ако треба сега да состават екипа од 11 души тоа би изгледало вака, само веројатно ќе треба да играат 2x20 минути.
Берлускони назначи 5 тренери за 3 години и според мислењето на навивачите избрза со отказот на српскиот стратег. Дури 92% во анкетата која ја спроведе Газета дело Спорт сметаат дека Михајловиќ требало да остане тренер на Милан без разлика што и тој не е научен да брои до 10.
Во последното коло пред 16 години Јувентус потона во поплавената Перуџа (1:0 Алесандро Калори), кога Колина го продолжи мечот и покрај тешките услови и врнежите. Лацио порано ја реши Реџина со 3:0 и цел Олимпико заедно со играчите го следеа преносот од стадионот Ренато Кури. На крајот големо славје во Рим за последното скудето до денес.
Силвио Берлускони и Адриано Галијани, како свежи спортски работници на почетокот на ’80-те години го идеализирале ликот на Ден Питерсон, поранешен американски кошаркар и тренер во Олимпија Милано кој сакале да го прават фудбалски тренер.
Тренерот на Милан решил со брат му Дражен и кумот Мирослав Тањга да го посети родното Борово, крај Вуковар во Хрватска каде влегол камуфлиран и заплакал на куќниот праг.
Меѓу најинтересните изјави во неделава која одминува, Франческо Мориеро зборуваше за глупостите кои ги правел Роналдо, Михајловиќ раскажуваше приказни, а Масимилијано Алегри сакал да оди на риболов.
Потрошените пари не му донесоа корист на Милан: секој бод Росонерите ги чини 10 милиони евра, екипата шутира помалку од Карпи и Фрозиноне и има гол разлика -5 што е негативен рекорд во целата ера на Силвио Берлускони.
Дождот на Мацари, одбивањето на Конте и Михајловиќ да бидат тренери на Јувентус и Милан и самоотпуштањето на Марчело Липи. Десет изјави во Серија А кои ќе останат како познати бисери на тренерите.
По Болоња, Катанија, Фиорентина и Сампдорија, српскиот стратег денеска на Сан Сиро ја почнува петтата тренерска авантура во Италија. Медиумите на чизмата пишуваат дека во тренинг центарот на Милан стигнал како премиер со три коли. Договорот му е на две години.
Од најновите изјави на неделата кои редовно ги собира во едно Газета дело Спорт ќе прочитате што би направил напаѓачот на Јувентус, Мората само за да игра финале во ЛШ и како на Ел Класико судијата го давел Пике со разни муабети кои немаа врска со фудбал.
Поранешниот селектор на Србија на кој му тргна како тренер на Сампдорија, гостуваше на Скај каде објасни како се кршат чаши на народно и како се гаѓа од кров директно во базен.
Фудбалерот кој со полн куфер одличја во јануари пристигна во Џенова и го облече дресот на деветтиот клуб во кариерата денес слави 34 роденден. Го прослави пет дена порано со гол за Сампдорија.