Колку лош меч одигравме, да бев тренер на Интер ќе си дадев отказ

Дождот на Мацари, одбивањето на Конте и Михајловиќ да бидат тренери на Јувентус и Милан и самоотпуштањето на Марчело Липи. Десет изјави во Серија А кои ќе останат како познати бисери на тренерите.

„Во Италија повеќе ја почитуваат тренерската работа, отколку во Турција“, Фатих Терим на конвенција за тренери додека го отпуштаат во Милан.

„Првиот гол кој го примивме беше на претходниот тренер“, Алдо Агропи за голот кој го прими откако беше 9 секунди тренер во Удине.

„И потоа почна да врне“, Валтер Мацари објаснува како Верона го стигна на табела Интер и следниот ден доби отказ.

„Ветив дека ќе почнеме да напаѓаме и не се случи. Се гледа дека противникот ни ја украде идејата“, Бруно Песаола, тренер на Наполи во 60-те.

„Изгледаше дека лошите се надвор и дека сега има чист фудбал, но не е така. Немам голема почит спрема Јувентус“, Антонио Конте, пред да стане тренер на Јуве.

„Точно е дека Шпанија е многу сериозна земја, тука ако погрешиш веднаш ќе те казнат, не е како во Италија каде има многу луѓе што не плаќаат данок“, Фабио Капело две години пред да биде фатен за неплаќање данок во Англија.

„Колку лош меч одигравме, да бев тренер на Интер сам ќе си дадев отказ“, Марчело Липи.

„Доста, смачено ми е да слушам дека мојот тим е лошиот“, Франческо Гвидолин кога беше убеден дека е крив.

„Никогаш не би го тренирал Милан поради почит кон навивачите на Интер“, Синиша Михајловиќ, пет години пред да стане тренер на Милан.

„Ги ставивме во тешкотија“, селекторот на Италија Жак Брунел по поразот на рагби дуелот меѓу Англија и Италија 47:17.